Денеска е Распети Петок најтажниот и најтешкиот ден во годината за православните верници

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Денеска, 10-ти април, Распети Петок, најтажниот и најтешкиот ден во годината за православните верници, денот кога се одбележува страдањето и распнувањето на Исус Христос.

Овој ден се поминува во тишина, молитва и строг пост, со богослужби посветени на Христовите страдања.

Верниците се поклонуваат пред Плаштаницата, симболично учествувајќи во Христовото погребение.

Утревечер, по полноќ, односно во сабота во 12 часот, верниците ќе се соберат во храмот „Свети великомаченик Ѓорѓи“, каде ќе биде донесен Благодатниот оган од Ерусалим, како најава за Христовото воскресение.

Со тоа започнува одбележувањето на најголемиот христијански празник – Велигден.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Велики четврток во Кочани: пазарот оживеа со подготовките за Велигден

Денеска, 9 април, за православните верници е Велики четврток — четвртиот ден од Страсната недела пред Велигден. Убавото време и подготовките за најголемиот христијански празник ги раздвижија жителите на Кочани. Пазарот во градот денес беше преполн со посетители. Теренската екипа на Радио Кочани направи обиколка на пазарот и разговараше со купувачи и продавачи за подготовките

Домашно, евтино, квалитетно. Се продаваат домашни свињи за Велигден!

По повод Велигденските празници итно се продаваат домашни свињи (товеници) одгледувани исклучиво со домашна храна – цвик. Месо – органско. Цена многу поволна, по договор. Товениците се стари само 100 дена и се со тежина од 110 до 130 килограми. Контакт: 070/566-374

Намален број интервенции на пожарникарите во Кочани во 2025 година

Територијалната противпожарна единица во Кочани во текот на 2025 година реализирала вкупно 315 интервенции, што претставува намалување во однос на 2024 година кога биле евидентирани 329 излегувања на терен. Според податоците од единицата, најголемиот дел од пожарите се предизвикани од човечки фактор. Командирот Драган Апостолов истакнува дека пожарникарите немаат надлежност да изрекуваат казни, туку нивната