Денес е Велики поклади или Прочка – Ден на меѓусебно простување

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk
Прочка или Велики поклади — ден во православното христијанство на меѓусебно простување помеѓу верниците пред почетокот на велигденскиот пост.
Прочка е подвижен празник, датата му се менува во зависност од датата на Велигден, и секогаш е точно на 7 недели пред Велигден. Од верски аспект, Прочка е една од манифестациите на искрената и пожртвуваната љубов кон ближните, кој треба да го следи примерот на Исус Христос за безусловно и безгранично проштевање меѓу луѓето.
Прочка бара помладиот од постариот со зборовите „прости ми“, а постариот одговара „простено да ти е од мене и од Бога“.
Целта на празникот е со чиста душа да се започне велигденскиот пост.
Уште денеска треба да започне чистењето на душата што ќе биде главна задача во постот.
Утре нека почне и телесниот пост, за скротување на телото и воздржување од сластите и страстите.
Простувањето не треба да биде формално, само со обични зборови, само изговорен збор, туку вистинско, кое ќе се случи прво во нас, во срцето и во душата, а потоа и во устата, низ зборовите: „прости ми“ – „простено ти е“.
Простувањето е завршено кога сме преминале од простување во љубов.
Тогаш вистински сме простиле или вистински ни простиле.
Чистењето и подготовката е како што чистиме и подготвуваме за доаѓањето на важен гостин кај нас, а тоа е приемот на Господа Исуса Христа преку светата Причест.
Неделата пред Прочка се нарекува бела или сирна недела, кога не се јаде месо, туку се јадат млечни производи или сукани пити. Прочка во семејството се одбележува со богат ручек кој завршува со амкање јајца.
Варено јајце се врзува на конец над трпезата и се завртува над главите на децата.
Детето што ќе успее да го гризне јајцето се прогласува за најсреќно во следната година и добива награда.
Денот по Прочка е чист понеделник кога почнува големиот велигденски пост.
Прочка го означува и крајот на зимските и почетокот на пролетните празници.
Еден од главните елементи на Прочка е маскирањето и преоблекувањето.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Трагедија кај Виница: Загина млад маж, излетал од пат

На 21.02.2026 околу 00.20 часот во ОВР Виница е пријавено дека на регионалниот пат на излез од Виница кон Берово, патничко возило „сеат ароса“, со винички регистарски ознаки управувано од М.М.(34) од с. Крушево, виничко излетало надвор од коловозот.   –Во несреќата на местото на настанот починал возачот, а од страна на лекар од Итна

Две лица од Кочани приведени бидејќи управувале возила под дејството на алкохол

Двајца возачи од Кочани управувале возило под дејство на алкохол, при што им биле измерени 1,83 и 2,91 промили алкохол во крвта. Лицата се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.   Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредниот период.   Апелираме до сите учесници во

Уништени над 1 тон небезбедна храна од продавниците за здрава храна

Илјада и десет килограми небезбедна “здрава храна” уништија инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) кај 14 оператори во рамки на 373 контроли спровдени неделава, кај оператори именувани како објекти за производство и промет со здрава храна. Со контролите утврдено е дека 14 оператори воопшпто не биле регистрирани како оператори со храна во