Денес е Духовденска задушница: Спомeн за починатите

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Во спомен на починатите, православните верници денеска ја одбележуваат Задушница во пресрет на големиот празник кој доаѓа во недела – Духовден.

Сеќавајќи се на покојните претци, верниците на овој ден се молат за простување на гревовите. Во црквата се служи парастос, а по службата се посетуваат гробовите на најблиските, се пали свеќа, се чита молитва и се принесува жртва за спасение на починатите. Наспроти обичаите на гробовите да се носи и раздава огромно количество храна, од Македонската православна црква апелираат дека смислата на овој ден  е во молитвата, а жртвата треба да се ограничи на варена пченица, вино и леб.

Спомнувањето на сите починати благочестиви христијани во саботата пред Педесетница е востановено затоа што со собитието на слегувањето на Светиот Дух се завршило домостроителството на спасението на човекот, а во тоа спасение учествуваат и упокоените.

Затоа, Црквата која на Педесетница упатува молитви за оживотворување со Светиот Дух на сите живи, на самиот ден на празникот, ја проси и за упокоените благодатта на сесветиот и сеосветуваштиот Дух-Утешител, којашто тие уште во својот живот се уподобиле да ја имаат за извор на блаженства, бидејќи преку Светиот Дух „живее секоја душа“.

Оние кои не се во можност да одат на гробиштата поради оддалеченоста, треба да одат во најблискиот храм и да извршат помен за своите покојни.

Духовден, пак, го означува слегувањето на Светиот Дух врз апостолите, или како што го нарекуваат светите отци „Роденденот на Црквата“.

На 10-тиот ден од Христовото вознесение, а на 50-тиот од Неговото воскресение, на еврејскиот празник Педесетница, Светиот Дух слезе врз апостолите во вид на пламени јазици, а тие се исполнија со сила и добија дар да зборуваат на разни јазици.

За црквата овој настан има посебно значење затоа што Светиот Дух од тоа време, па се до денес не ја напушта и непрестано слегува врз црквата на литургијата, во молитвите, во сите дела. Тој е оној Дух по кој христијанскиот живот се нарекува духовен.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Ново во Кочани – „Бургер Дистрикт“

Градот доби ново современо место за љубителите на добар бургер. „Бургер Дистрикт“ свечено започна со работа, носејќи свеж концепт и богата понуда што одговара на сите генерации. Во менито се вклучени класични и смеш бургери, пилешки бургери и крцкаво пржено пилешко, подготвени од свежи и внимателно одбрани состојки. Посебен акцент е ставен на вкусовите што

По повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик во Библиотеката „Искра“ промоција на двојазичната книга „Басни за деца“

Во пресрет на 21 февруари – Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, во четврток, 19 февруари во 12 часот, во соработка со Клубот на млади при ОО Црвен крст – Виница, во ЈОУ Библиотека „Искра“од Кочани, ќе се одржи промоција на двојазичната книга за деца на македонски и турски јазик ,,Басни за деца”. Книгата на интерактивен

Тепачка меѓу соученици во виничко средно училиште

15-годишно дете било нападнато од соученици, информираат од СВР Штип. На 16.02.2026 во 13:45 часот во ОВР Виница, В.Н.(50) од с.Виничка Кршла, виничко, пријавил дека во средно училиште во Виница, неговиот 15-годишен син бил физички нападнат од неколку други ученици во училиштето, кои бил спречени од наставник во училиштето. Увид е извршен и се преземаат