Делегација од Општина Кочани на фестивалот „Сурва“ во Перник

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Делегација од Општина Кочани присуствуваше на XXXII Меѓународен фестивал на маскарадните игри „Сурва“, во Општина Перник, Република Бугарија. Овој реномиран фестивал годинава одбележува 60 години од своето постоење и претставува еден од најголемите и најпрепознатливи културни настани од ваков вид во регионот.

Во рамки на фестивалската програма, градоначалникот на Кочани Владко Грозданов оствари средби со претставници на локални самоуправи и културни институции од различни држави. На средбите беа разменети мислења и идеи за унапредување на меѓународната соработка, размена на искуства и реализација на заеднички проекти во областа на културата и туризмот.

– Фестивалот „Сурва“ е одличен пример како традицијата и културата можат да бидат мост за поврзување меѓу народите, за градење нови партнерства и пријателства кои во иднина можат да резултираат со конкретни соработки и проекти – изјави градоначалникот Грозданов.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Пред осмомартовски пазар во Кочани

Четврток, 5 март 2026 година – пазарен ден во Кочани. На првиот четврток од третиот месец во годината, екипата на Радио Кочани направи обиколка на градскиот пазар со цел да ја долови денешната атмосфера и понудата. Разговаравме со дел од продавачите, кои ги споделија своите впечатоци за побарувачката и интересот за нивните производи. Приликата ја

КАВАДАРЦИ ДОБИ МИЛИОНЕР Падна 7-ката тешка над 1,2 милиони евра на Лото 7 од 37

Во 18-тото коло беше извлечена главната премија – „7-ка“, вредна 78.522.512 денари, односно околу 1.280.000 евра. Според информациите, добитното ливче е уплатено во Кавадарци. Добитната комбинација што му донесе милионска сума на среќниот добитник гласи: 1, 2, 4, 5, 8, 10 и 11. Покрај главниот добитник, со шест погодоци се регистрирани вкупно 15 добитни комбинации,

20 март (петок) е неработен ден за сите граѓани – доаѓа продолжен викенд

Следен неработен ден за сите граѓани во  Македонија е 20 март – Рамазан Бајрам кога воедно е и продолжен викенд. Во продолжение е целосниот календар на неработни денови за 2026 година, за да можете навреме да ги испланирате вашите патувања и одмори. За сите граѓани  Оваа година нè очекуваат дури 7 продолжени викенди за сите граѓани: 1