ДЕЛЕГАЦИИ ПОЛОЖИЈА СВЕЖО ЦВЕЌЕ ВО ЧЕСТ НА ИЛИНДЕН – ДЕНОТ НА РЕПУБЛИКАТА

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

По повод Денот на Републиката – Илинден,  в.д градоначалникот на Општина Кочани Венко Крстевски  со членови од Советот на Општината, делегации од Сојузот на Здружението на борците од НОВ и локални ограноци на политички партии, утрово положија свежо цвеќе на Споменикот на слободата, споменикот на Никола Карев и на бистите на Љупчо Сантов и Раде Кратовче во Паркот на Револуцијата.

 

Делегациите упатија честитки до сите граѓани и посакаа Илинден да е вековит.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

TAБ MAK ВРАБОТУВА…..

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани. 

ОВР Кочани: Во „форд“ со СК таблички пронајдена бела прашкаста материја

ОВР Кочани поднесе кривична пријава против М.Е.Ј(40) и О.И.(29), двајцата од Скопје. Според пријавата, на 17.01.2026 во Кочани, полициски службеници извршиле преглед во патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, во кое се превезувале, при што е пронајдена и одземена бела прашкаста материја. Од судија на претходна постапка, на М.Е.Ј. му е определена мерка притвор

Малиот Јован од Делчевско, кој има тешка и болна животна судбина го прослави 12-иот роденден во незаборавна атмосфера во Кочани

Денеска, Ана Симонова и Методи Митев организираа роденденска прослава за малиот Јован Лешоски од селото Ветерен, Делчевско, дете со тешка и болна животна судбина. На својот роденден и именден, Јован за првпат запозна нови другарчиња од Кочани и со искрена детска радост прими бројни подароци од луѓе кои дотогаш никогаш не ги видел. За момент,