Да се укинат договорите на дело бараат од Здружението на медицински сестри, акушерки и стоматолошки сестри „За Нас“

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Медицинските сестри денеска – 12 мај го одбележуваат Меѓународниот ден на медицинските сестри. По тој повод , но пред се’ да се сврти вниманието за значењето и важноста од оваа професија за заедницата, Здружението на медицински сестри, акушерки и стоматолошки сестри „За Нас“, ОВР Прилеп, ТППЕ Прилеп и Итната помош во центарот на Прилеп се одржа симултана вежба – импровизирана сообраќајка меѓу мопед и велосипед. Во симулацијата „со тешки телесни повреди“ беа три лица.

Професијата медицинска сестра не е доволно почитувана и платена велат од Здружението на медицински сестри, акушерки и стоматолошки сестри „За Нас“, иако најголем дел од работатa во примарното здравство ја вршат токму тие. Не се почитуваат ниту прописите бидејќи само во Прилеп недостигаат 20% од потребниот број на медицински сестри.

– Медицинските сестри не се доволно платени, не се доволно почитувани, се деградирани во општеството и во професијата ,се соочуваме со сестри кои што долги години работат со договор на дело, бараме тоа да се укине и ниските плати. А конкретно би спомнала за примарното здравство дека сестрите не се доволно почитувани, 90 отсто работат на минималец, вели Елизабета Настеска, медицинска сестра.

Во симулацијата учествуваа ученици од СОУ „Ѓорче Петров“ – Прилеп, здравствена струка – медицинска сестра/техничар кои се членови на здравствено-едукативната секција „Здравје без граници“, под менторство на стручните наставници Наташа Ванчева и Ленче Јованоска. Учениците бесплатно мереа шеќер и притисок за граѓаните присутни на настанот.

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Се санира обиколниот пат кај новите гробиштата

ЈКП „Комуналец“ – Прилеп започна со санирање на обиколниот пристапен пат до Новите градски гробишта. Моментно се врши ризлање и тампонирање на дел од патот кој често се оштетува поради поројни дождови и атмосферски влијанија. Целта, велат оттаму, е подобрување на пристапот и спречување на поголеми оштетувања на обиколниот пат, ...

Кривични пријави за недозволено поседување оружје и пиротехника

-ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против 51-годишната Д.Г. од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 15.04.2025, полициски службеници извршиле претрес во викенд куќа во прилепско, која ја користела пријавената, при што биле пронајдени и одземени...

Јавен повик на Општина Прилеп за членови на Локалното собрание на млади

Општина Прилеп објави јавен повик за предлагање на кандидати за членови на Локалното собрание на млади, со цел активно вклучување на младите во локалните политики и донесување одлуки што го засегаат животот на младинската популација. Повикот е распишан врз основа на одредби од Статутот на Општина Прилеп и Законот за младинско...