Да бевме во „Газа“ подобро ќе живеевме, ни се пожали осумчленото семејство од Кочани

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk ИСТРАЖУВАЧКИ СТОРИИ

Да, го има ова и во 21-от век. Го знаеме, го гледаме, а како да не сакаме да го видиме! Брачниот пар Владимир и Рада Тасеви повеќе од 20 години живеат во домот, за кој велат дека го наследиле од своите родители, а со своите шест деца буквално престојуваат во една соба. Овде спијат, се хранат, се капат и подготвуваат за јадење, кога имаат што да зготват. Времето ги згазило, а условите се полоши и од „Газа“, ни рекоа зад камерите. Се обидовме да ги поттикнеме да ја раскажат својата несекојдневна приказна пред камерата на Радио Кочани.

Со ќебиња наместо врата, со пластична фолија наместо прозори, без електрична енергија со месеци, скромното осумчлено семејство побара од добрите и хумани луѓе и надлежните институции да помогнат колку се во можност, барем малку да им го разубават животот и да им ја ублажат болката со која секојдневно легнуваат навечер и се будат наутро.

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Инспектор од Кочани му помагал на осомничено лице

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, поднесе кривична пријава против Б.Б. поради постоење на основи на сомнение

Уредување на вегетацијата околу столбовите за јавно осветлување на влезот во Кочани

Екипи на Општина Кочани и избраниот изведувач за одржување на јавното осветлување „Електрика“, со поддршка од КЈП „Водовод“ и МВР, реализираат координирана акција за кастрење на вегетацијата околу столбовите за јавно осветлување. Акцијата се спроведува на потегот познат како Зелен Појас, по улицата „Димитар Влахов“ до спојот со улицата „Павлина Велјанова“, каде што во изминатиот период обраснатите дрвја

На 26 февруари во „Искра“ – Книжевна работилница „Во светот на бајките“

ЈОУБ „Искра“ од Кочани  на 26 февруари 2026 г. организира книжевна работилница насловена „Во светот на бајките“. Работилницата се реализира по повод Светскиот ден на раскажувањето бајки. Работилницата започнува во 10 ч. и освен во Кочани истата активност ќе се одвива и во населбата Оризари. Во просториите на библиотеката во градот, учесници се учениците од