Д-р Жарко Костиќ од Кочани порача – Лекот за минатото, сепак е во иднината

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Мотивацискиот тренер и Д-р Жарко Костиќ, вечерва во Центарот за култура „Бели мугри”, одржа предавање на теми за тоа како граѓаните да се справат  со негативни мисли и емоции и за тоа како да се намалат чувствата на болното минато, со оглед на тоа што го погоди Кочани на 16 март – пожарот во дискотеката „Пулс“.

Настанот почна со минута молк за починатите сограѓани, а во текот на предавањето, Д-р Костиќ говореше за важноста од прифаќање на сопствените чувства, развивање на внатрешна сила и изградба на здрави ментални навики.

Тој ги сподели своите експертски совети и практични алатки за секојдневно носење со емоционалниот товар, особено во време на лични и колективни трагедии.

Посебен акцент беше ставен на техниките за самопомош, но и на значењето на заедништвото и меѓусебната поддршка во процесот на закрепнување.

Предавањето привлече голем интерес при што салата беше  исполнета.

Меѓу присутните беа и дел од повредените лица во дискотеката „Пулс“, нивните семејства, пријатели, како и многубројни граѓани кои дојдоа да се едуцираат.

Во рамките на настанот беше организирана и хуманитарна акција, каде посетителите можеа да донираат парични средства. Собраните донации ќе бидат наменети за помош на семејствата на настраданите, како израз на солидарност и заедничка грижа.

Д-р Жарко Костиќ  ги охрабри сите присутни да продолжат да се борат, да веруваат во себе и да не се срамат да побараат помош кога им е најпотребна.

Во продолжение следува неговата изјава.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Даријан Павлен – Спортист на годината за 2025 година – Извршен изборот на најдобрите спортисти за минатата година

Општина Кочани и Асоцијацијата на новинари од Кочани го реализираа изборот на најдобрите спортисти за изминатата година. За Спортист на годината за 2025 година е избран Даријан Павлев, член на Боречкиот клуб „Спартак“. Второпласиран е Филип Стојанов од Карате клубот „Партизан“, а на третото место се најде каратистката Наталија Карова од Карате клубот „Кочани“. Во

Подобрување на водоснабдувањето и намалување на трошоците за струја – цели за поквалитетни услуги од КЈП „Водовод“

Подобрување на водоснабдувањето и намалување на трошоците за струја – цели за поквалитетни услуги од КЈП „Водовод“   Градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов, денеска изврши увид во тековните активности за чистење на бунарите во Грдовски Орман, од каде што се обезбедува водата за пиење што ја дистрибуира КЈП „Водовод“ и оствари средби со раководни

Меѓународен турнир во карате „63 Ангели“ – во чест на жртвите од пожарот во Кочани

Карате клубот „Партизан“ од Кочани иницира организирање на меѓународен турнир во карате, во чест на жртвите од трагичниот пожар што се случи на 16 март 2025 година во Кочани. По тој повод, денеска претставници на клубот остварија средба со градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов, кој изрази целосна поддршка за иницијативата. Според првичните најави, меѓународниот