д-р Катерина Мирчовска – Утре почнува реконструкцијата на Општата болница во Кочани

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Утре почнува реконструкцијата на Општата болница во Кочани, токму од Одделот за физикална медицина, рече новата директорка на Болницата, д-р Катерина Мирчовска на денешната прес-конференција во Владата.

Владата на 10 јуни донесе одлука Одморалиштето „Пониква“ да стане рехабилитациски центар за сите повредени во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“. На 16 март во пожарот загинаа 62 лица, а околу 200 беа повредени.

Одморалиштето „Пониква“ има 27 соби и 56 легла и е ставено на располагање на Министерството за здравство за лекување на пациентите кои имаат потреба од дополнителна медицинска услуга во период од 10 јуни до 20 август.

Д-р Мирчовска кажа дека се финализираат подготовките за прием на повредените пациенти и дека одморалиштето ќе биде готово до крајот на неделата. Пациентите ќе бидат поделени во групи, ќе има медицински тимови достапни 24 часа. Престојот ќе биде по 2 недели.

„Планот на Владата е ‘Пониква’ да се направи центар за рехабилитација, ресоцијализација и да се пружи психолошка поддршка. Во првата група ќе бидат пациентите кои се веќе на физикална терапија во болниците во Кочани и во Штип. Нема да биде изоставен ниту еден пациент, ќе им биде понудено на сите. Ќе има 4 физиотерапевти, медицински сестри, психолози и психотерапевти. Физикалната терапија ќе биде надгледувана од специјалист физијатар“, рече директорката д-р Мирчовска.

Д-р Гордана Георгиева од Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија, која е дел од работната група за евалуација на третманот и лекувањето на повредените, рече дека од 20 мај до 10 јуни се евалуирани 167 пациенти. Во Македонија се лекуваат уште петмина пациенти, петмина се уште во странство, а не се евалуирани осум пациенти кои се со привремен престој во странство.

„На сите им се дадени насоки за понатамошно следење, лекување и третман“, кажа д-р Георгиева.

Портпаролката на Владата, Марија Митева рече дека 109 граѓани за три дена од пуштање на телефонската линија 070/355-526 и се јавиле и оставиле свои барања и предлози. Меѓу најчестите предлози е како да се скрати времето на патување и лекари специјалисти, како на пример пулмолози,  да доаѓаат во Кочани за преглед на пациентите.

„Се што стигнува на телефонскиот број го проследуваме до медицинските тимови. Ги повикуваме и ги охрабруваме сите повредени лица кои се засегнати да се јават на телефонскиот бда ги изразат своите барања и потреби“, рече Митева.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Вози сигурно, избери „D Мото“ – Кочани !

Д Мото – Кочани, вистинското место за секој моторџија! Голем избор на делови за мотоцикли, квалитетни акумулатори, издржливи пневматици, модерни кациги и врвна мото козметика – сè на едно место. Сигурност, квалитет и перформанси за вашето возење – секој ден. Локација: под големиот паркинг кај ГТЦ Кочани. Контакт: 071 208 849. Д Мото – за

Четири наставнички од училишниот младински клуб „Драгана Минова“ од ОУ „Раде Кратовче“ успешно го завршија учеството во Еразмус + проекти

Четири наставнички од училишниот младински клуб „Драгана Минова“ од ОУ „Раде Кратовче“ успешно го завршија учеството во два Еразмус + проекти што се одржаа во Смолјан, Бугарија. Во рамки на проектите, тие учествуваа во обуки и работилници посветени на ментално здравје при што стекна нови знаење и искуства. За својот ангажман добија сертификати, а од

За борачот Ангелов – спртската стипендија од Општината

Борачот Филип Ангелов, член на БК „Спартак“ од Кочани е стипендист на Општина Кочани за спортските резултати што ги постигнаа во борењето минатата година. Ангелов, кој е активен спортист во борењето пет години и е носител на повеќе високи награди на домашно и на меѓународно ниво во 2025 година, е единствениот кандидат што во целост