Црвен крст – Кочани – Се што се случуваше по пожарот во „Пулс“ од 16-ти март до денес…

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Во рамки на проектот „Живот по трагедијата во Кочани“, денеска реализиравме разговор со секретарот на ОО на Црвен крст – Кочани, Анета Коцева.

Еве на кои прашања разговаравме и добивме одговори.

Како и кога дознавте за пожарот во „Пулс“ и како изгледаа првите часови од мобилизацијата на ОО Црвен крст Кочани?

Вие бевте меѓу првите во првите редови на терен – што конкретно значеше тоа во тие критични моменти?

Колку луѓе – волонтери и вработени – беа ангажирани и каков вид помош најпрвин беше потребна?

Како се одвиваше координацијата со локалните институции, здравствените служби и останатите служби за итна интервенција?

Колкава беше поддршката од другите општински организации на Црвениот крст и како функционираше таа меѓусебна солидарност?

Една година подоцна, што научи ОО Црвен крст Кочани од оваа трагедија и дали денес сте подобро подготвени за евентуални кризни ситуации?

По трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, Црвен крст на Македонија отвори наменска сметка за собирање финансиска помош за семејствата на загинатите и за повредените. Преку апел за солидарност, граѓани, компании и институции донираа средства на Фондот на солидарноста.

Заклучно со 23 мај 2025 година, на сметката биле собрани 156.542.967 денари.

Распределбата на средствата се одвивала во повеќе фази.

Првата поголема исплата била реализирана до 17 април 2025 година, кога биле префрлени средства кон 62 семејства на загинатите во трагедијата.

Во наредниот период следувале исплати и за повредените лица — како за оние кои се лекувале во земјата, така и за лицата кои биле на медицински третман во странство.

Заклучно со 23 мај, биле трансферирани 107.449.101 денари.

Последен трансвер на средства бил извршен на 17 јуни 2025 година, кога дополнително биле исплатени 39.750.000 денари на 156 лица, распределени во пет категории согласно степенот на повредите и потребите за понатамошно лекување.

Со ова, вкупно 147.199.101 денари биле распределени од наменската сметка.

Во наредниот период ќе следуваат уште исплати.

Од Црвениот крст соопштија дека распределбата се вршела врз основа на процена на здравствената состојба и реалните потреби на секое засегнато лице, во координација со релевантни институции, со цел средствата да бидат доделени транспарентно и правично.

Д. Николов

Овој продукт е изработен со финансиска поддршка од Европската Унија во рамките на проектот SMS Facility – Поддршка за малите медиуми од Западен Балкан, локално имплементиран од Фондацијата Метаморфозис. Содржината е единствена одговорност на медиумот и авторот и не ги одразува нужно ставовите, мислењата или вредностите на Европската Унија, Фондацијата Метаморфозис или проектот SMS Facilit.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Ретроспективната изложба на Танас Дедов: „60 години ликовно творештво“ на гостување во Виница

Во Домот на култура „Тошо Арсов“ во Виница денеска е  отворена ретроспективната изложба на Танас Дедов, еден од најплодните и најпознатите ликовни творци од регионот. Изложбата, која го обележува неговото шестдецениско творештво, вклучува и некои  негови значајни и познати дела, кои ја потврдуваат неговата посветеност кон  сликањето и неговото влијание на развојот на ликовната сцена

(Видео) Блокиран патот Виница – Берово: Жителите на Блатец на протест против хидроцентрала на Блатешница

Жителите на село Блатец денес искочија на протест на местото Скараница. Тие го блокираа регионалниот пат Виница – Берово, како револт против најавите за изградба на хидроцентрала на реката Блатешница. Тие се противат на изградбата на хидроцентралата на реката Блатешница оти сметаат дека овој проект претставува сериозна закана за природната средина, водоснабдувањето, локалната заедница и

Во тек е големиот протест на жителите од Блатец…

Младите и жителите од село Блатец, вклучени во иницијативата „За чисто Блатец“, денеска излегоа на протест против изградбата на хидроцентралата на реката „Блатешница“. Протестот започна во 15 часот и се очекува да трае до 17 часот. Присутните извикуваа „УА ПРОФИТЕРИ“, изразувајќи незадоволство од досегашните активности поврзани со проектот. Покрај редовните блокади и протестите, граѓаните подготвија