Црвен крст Кочани го одбележа Светскиот ден на крводарителството – Тиме Златков доби признание за 100 пати дарувана крв

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk
Црвен крст на Македонија – Општинска организација Кочани денеска ги врачи признанија на повеќекратните крводарители од општините Кочани, Зрновци и Чешиново-Облешево, на свечен настан по повод Светскиот ден на крводарителството.
На свеченоста беа доделени благодарници на крводарители за 5, 25, 50, и 100 пати дарувана крв, како и на поддржувачи и на унапредувачи на крводарителството.
Годинава признанието за 100 пати дарувана крв му припадна на Тиме Златков од селото Тркање, Кочани при што Црвениот крст му врачи благодарница, плакета  и традиционален подарок телевизор.
Многу е убаво чуствуто да се дарува крв, притоа знаејки дека со тоа спасувате живот. Почнав да дарувам крв подоцна,  на 30 годишна возраст, но успеав да стигнам до бројката над 100 пати. Имам 104 дарувања. Здраво се хранам и живеам здрав живот. Јас сум А позитив крвна група. На сите млади им препорачувам да даруваат крв бидејки утре може да ни затреба на секој од нас, рече Тиме Златков, крводарител со над 100 пати дарувана крв.
Настанот се реализираше по повод 14 Јуни, Светскиот ден на крводарителството. Годинава поради трагедијата во Кочани истиот се реализираше подоцна.
Овие признанија не се само признанија и бројки, ова се спасени човечки животи, ова е дадена надеж таму кадешто е најпотребна. Со денешниот ден сакам во името на Црвен крст Кочани да изразам благодарност на сите хумани луѓе кои придонесуваат за солидарноста и хуманоста во нашата заедница со дарувањето на крв. Дарувањето не е само хуман гест, тоа е начин на живот. Треба да бидеме благодарни на овие луѓе и исто така да биде како инспирација и за други луѓе да се приклучуваат во хуманото семејство на крводарители кое треба да се шири, рече Анета Коцева, секретар на Црвен крст Кочани.
На локално ниво, Општинскиот Црвен крст минатата 2024 година реализираше вкупно 19 крводарителски акции. Од нив 12 редовни и традиционални, секој последен четврток во месецот во просториите на Црвен крст Кочани, три во соработка со кочанската полиција, две во Општина Зрновци, една младинска акција и една акција во компанијата „Руен Инокс Автомобиле“. Вкупно во 2024 година собрани се 1018 крвни единици.
????????????????????????????????????
????????????????????????????????????
????????????????????????????????????
????????????????????????????????????
????????????????????????????????????
????????????????????????????????????
A99
A99
????????????????????????????????????

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

20 март (петок) е неработен ден за сите граѓани – доаѓа продолжен викенд

Следен неработен ден за сите граѓани во  Македонија е 20 март – Рамазан Бајрам кога воедно е и продолжен викенд. Во продолжение е целосниот календар на неработни денови за 2026 година, за да можете навреме да ги испланирате вашите патувања и одмори. За сите граѓани  Оваа година нè очекуваат дури 7 продолжени викенди за сите граѓани: 1

Исплатени над 237 милиони денари кон македонските земјоделци

Денеска се реализирани исплати во вкупен износ од над 237 милиони денари кон македонските земјоделци, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Исплатите се однесуваат на: ∙ Интервентен фонд – мерка 1.2 „Произведено вино“ – 59.942.278 денари за 39 корисници; ∙ Мерка 213 „Плата за овчари“ – 34.089.868 денари за 43 корисници; ∙ Мерка 112

Нелегално ископување на археолошки локалитет во Виница

На 03.03.2026 во 11:51 часот во СВР Штип, археолог – кустос во Музеј „Теракота“ во Виница пријавил дека при вршење на редовни работни активности кај археолошкиот локалитет „Света Недела“ на место викано „Осојница“ во атар на с.Блатец, виничко, забележал дека во изминатиот период имало нелегално ископување кај археолошкиот објект. Полициски службеници од ОВР Виница излегле