ЦК „Бели мугри“: „Надеж – Светлина низ темнината“ од Ана Митевска пред љубителите на ликовната уметност во Кочани

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Во салонот „Фоаје 2“  на спратот во ЦК „Бели мугри“ во Кочани синоќа е отворена самостојната изложба на Ана Митевска, дела изнедрени во текот на изработката на нејзинио магистерски труд.

Изложбата го носи името „Надеж – Светлина низ темнината“ и се состои од дваесет апстрактни слики преку кои Митева, како што самата вели „артикулира лична, но и универзална потреба за надеж – како чин на отпор и како искра на исцелување“.

Изложените слики во „Фоајето 2“ на „Бели мугри“ уметничката ги има направено во исти димензии и форма, на платно, во  комбинација со акрил и масло. На сликите доминира светлата боја, доста застапени се и нијансите на морето.

Куратор на изложбата беше Јасминка Намичева, кусто советник, а свои моменти на свеченото отворање имаше и актерот Драган Спасов – Дац.

Кочанските љубители на ликовната уметност изложбата на Ана Митевска ќе можат да ја посетат во наредните две недели.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Кочани домаќин на 30. Медикал Опен тениски турнир

На тениските терени на Тенискиот клуб Аква Тен во Кочани, денеска и утре се одржува јубилејниот 30. Медикал Опен тениски турнир, во организација на д-р Могилевски и Лекарската комора на Македонија. Турнирот традиционално ги обединува докторите и медицинските работници од земјава, кои преку спортот и дружењето ја негуваат меѓусебната соработка и промовираат здрав начин на

Ловечкото друштво „Хантер“ – Безиково организира традиционална Ловечка вечер

На 13 јуни 2026 година, во мотелот „Мерак“, со почеток во 20:00 часот, ќе се одржи традиционната Ловечка вечер во организација на Ловечкото друштво „Хантер“ – Безиково. Цената на влезницата изнесува 1.000 денари, а во неа се вклучени мешана зелена салата, ордевер, компир салата, богата вечера и десерт. За добрата атмосфера и забавата ќе бидат

Матурантите од Кочани денеска го полагаат првиот екстерен испит од државната матура

Матурантите од двете средни училишта во Кочани денеска го полагаат првиот екстерен испит од државната матура. Испитот започна во 9 часот, а според информациите од училиштата, сите неопходни подготовки беа навремено завршени за негово непречено спроведување. Во СОУ „Љупчо Сантов“ на матурски и завршни испити  полагаат вкупно 132 ученици. Од нив, 129 ученици се пријавени