Репризата на театарската претстава „Експеримент ЛЕКЦИЈА“ во сопствена продукција на НУ ЦК „ Бели мугри“ Кочани ќе се одржи на 16 октомври во 19 часот.
Претставата е работена на текстови на Е.Јонеско и Х. Милер, режијата е на Перо Даниловски.
Улогите ги толкуваат: Билјана Јосифова, Даниел Георгиевски и Влатко Јосифов.
Театарската претстава, премиерно беше изведена на осми јули годинава.
Билети може да се купат на билетарата во Центарот за култура по цена од 200 денари.
Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани.