Централна установа за грижа на повредените ќе биде болницата во Кочани, владата ги превзема трошоците

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Сите здравствени потреби на повредените од Кочани ќе бидат на товар и поддржани од државата на долги стази, најави денеска директорот на Фондот за здравство, Сашо Клековски.

Централна установа за грижа на повредените е болницата во Кочани, каде се обезбедува медицински персонал за да може најголем дел од здравствените услуги да ги добиваат во самата болница.

Здравствените власти се во консултација со експерти од Белгија за понатамошниот третман на повредените и доколку е потребно, дел од нив ќе го продолжат лекувањето во странство.

Сашо Клековски – Директор на ФЗОМ

„Ова е процес кој тече се адаптира и трае, на пример компресивната облека која што сега ја користат 58 лица за други делови на телото освен врат и лице, за врат и лице се осум лица, значи вкупно 66 лица ќе трае, затоа што се уште имаме десет лциа кои се во болницам значи процесот трае и ќе се адаптира и мора да кажам ќе трае две години, знали препоракуте за компресивна облека ќ “

Клековски вели дека во моментов се дава здравствена заштита на сите без разлика дали имаат осигурување или не. Во однос на партиципацијата и боледувањата пак првиот човек на Фондот вели дека се преземаат чекори и во тој дел.

Сашо Клековски – Директор на ФЗОМ

„Во однос на партиципацијата министерот за здравство презема обврска да предложи измена на програмата за млади да оваа основа се додаде како основа за ослобдување од партиципација која е најбрз начин за законско регулирање на ова прашање. Во однос на боледувањата сите што имаат потреба ќе бидат покриени, во моментот имаме во однос на повредените две боледувања кои се спорни, долгорочни боледувања, не на сметка на работадавачот и работиме  на нивно разрешување, што значи ќе бараме начин. Дел од потешко повредените не се на работна туку на школска возраст и мислам дека наскоро МОН ќе излезе со соодветен став за тие што се ученици во трета година или биле ученици во четврта година“.

Во однос на  барањата за вработувања во кочанската болница Клековски вели дека не се целосно поврзани со третманот на повредените, туку се и за потребите на други оддели.  Информираше дека пет од повредените се уште се на лекување во странство, а пет во Скопје.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

ИТНО И ПОВОЛНО СЕ ПРОДАВААТ МАШИНИ СОЧУВАНИ И ФУНКЦИОНАЛНИ…

Се продаваат индустриски машини за шиење: Ибердек и опшиварки. Машините се добро сочувани и функционални. Цена по договор! Информации на:   077/ 624 – 181

Конституира новиот Совет на Чешиново-Облешево – Димишков на чело

Советот на Општина Чешиново-Облешево денеска ја одржа својата прва конститутивна седница во новиот мандат. Седницата започна со верификација на мандатите на сите 11 избрани советници, со што и формално беше потврден нивниот легитимитет за извршување на советничката функција. По утврдувањето на мандатите, советниците свечено се заколнаа дека одговорно и совесно ќе ги исполнуваат своите обврски

Општина Кочани доби грант од 50.000 американски долари за изработка на техничка документација за реконструкција на собирниот резервоар и на главниот доводен цевковод за...

По спроведената постапка за евалуација на барањата за финансирање на техничка документација за инфраструктурни проекти од областа на животната средина како дел од Третиот повик во рамките на Фондот за техничка документација, Општина Кочани доби известување дека е меѓу четирите добитници на грант до 50.000 американски долари. Одобрениот проект на Општина Кочани се однесува на изработка