ЦЕНТАРСКИ УЛИЦИ 2 Светски ден на уметноста

Оригинален линк на написот: Text.mk

Уметноста е забележан момент. Смрзната слика која мигот го отсликува, поставен како растојание меѓу двете најкратки точки на еден нечуен здив!

Задачата на уличните артисти е да го отсликаат на духовит начин она што најмногу го допира општеството: човековата смеа и бес, мудрост и глупост, зрелост и лудост, емпатичност и суета, моќ и немоќ, љубов и омраза!

Низ уличната уметност, уличните живи статуи, а и не само низ неа и не само и останатите улични забавувачи се трудат колку што можат повеќе да помогнат секому.

Насмејте се, поубаво во стои.

На 15 април со почеток од 18:30ч. на ул. Македонија во центарот на Скопје по повод, светскиот ден на уметноста ќе се постават неколку актови со улични живи статуи, каде што истите ќе ја раскажат својата улична приказна, отсликана во само една смрзната слика.

Музички настап на Емил Ејупи квартет

Дизајн на плакат: Златко Митревски

Настанот е дел од програмата за култура на Општина Центар за 2024 година.

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

„Револуцијата на фламингата“: Зошто Албанија веќе две недели протестира?

Тирана деновиве не спие. Илјадници граѓани излегуваат на улиците во, според многумина, најголемите еколошки протести во Албанија по падот на комунизмот. И додека на прв поглед поводот е изградба на луксузен туристички комплекс на јадранскиот брег, зад протестите се крие многу подлабоко незадоволство од корупцијата, нетранспарентноста и начинот на кој се носат одлуките во земјата. The post „Револуцијата на фламингата“: Зошто Албанија веќе две недели протестира? first appeared on Text.mk.

Скандал на Светското првенство: ВАР судија под истрага поради контроверзен гест

Светската фудбалска федерација ФИФА отвори истрага против австралискиот ВАР судија Шон Еванс откако телевизиските камери го снимија како прави гест со раката кој дел од јавноста го поврза со симболика на белата надмоќ. Инцидентот се случил пред натпреварот меѓу Германија и Куракао на Светското првенство 2026, кога во телевизискиот пренос била прикажана ВАР-собата. Во еден The post Скандал на Светското првенство: ВАР судија под истрага поради контроверзен гест first appeared on Text.mk.

Чеферин на удар од 13 фудбалски федерации: „Фудбалот не им припаѓа само на богатите и моќните“

Претседателот на UEFA, Александар Чеферин, се најде во центарот на жестока полемика откако изјави дека проширувањето на Светското првенство на 48 репрезентации довело до појава на натпревари кои се „недоволно интересни“ за публиката. Неговите зборови предизвикаа остра реакција од 13 национални фудбалски федерации од Африка, Азија и Карибите, меѓу кои се Алжир, Мароко, Египет, Гана, The post Чеферин на удар од 13 фудбалски федерации: „Фудбалот не им припаѓа само на богатите и моќните“ first appeared on Text.mk.