Центар за управување со кризи: патните правци во Пелагонија се проодни

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Центарот за управување со кризи информира за состојбата со врнежите од снег и состојба на патиштата до 13:30 часот:

Регионалните патишта Крушево – Прилеп и Крушево – Демир Хисар се проодни, додека патниот правец Крушево – Пуста Река е втор приоритет и ќе се чисти по престанокот на врнежите, но е прооден за возила со зимска опрема.

Патните правци кон ски-центрите Пелистер и Нижо Поле се проодни во зимски услови. Приоритетните улици и патишта во Битола се исчистени и опесочени, а екипите на ЈП „Македонија пат“ и ЈП „Нискоградба“ со целосна механизација работат на расчистување на останатите делници.
Во општините Новаци и Могила нема непроодни патни правци.

Сите државни патишта во земјава се проодни и безбедни за сообраќај. Поради врнежите од снег, Автомото-сојузот на Македонија, апелира на зголемена внимателност при управување со возилата:

„Екипите на ЈП „Македонија пат“ се целосно ангажирани на терен, со потребната механизација и работна сила, и континуирано вршат расчистување на снегот. Во координација со ЈП за државни патишта и Министерството за транспорт се преземаат активности за обезбедување безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

Покрај внимателното и совесно возење, АМСМ препорачува задолжителна употреба на зимска опрема, почитување на сообраќајната сигнализација и прилагодување на брзината според условите на патиштата. Возачите се советуваат навремено да се информираат за состојбата на патните правци преку информативните центри.

Забрани за сообраќај на тешки товарни возила се воведени на планинските превои Стража, Маврово – Дебар и Пресека.“

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Кривична против двајца прилепчани за повикување на омраза и нетрпеливост на социјална мрежа

Полицијата поднесла кривична пријава против двајца прилепчани кои на објавата од информативен портал на социјална мрежа, во ноември 2025 та , повикувале на омраза и нетрпеливост:

Кривична против двајца прилепчани за повикување на омраза и нетрпеливост на социјална мрежа

Полицијата поднесла кривична пријава против двајца прилепчани кои на објавата од информативен портал на социјална мрежа, во ноември 2025 та , повикувале на омраза и нетрпеливост:

Исчезната е 42 годишна прилепчанка, пријавени неколку физички напади во еден ден

Од полицискиот билтен за 20 ти јануари извојуваме за уште една пријава за исчезнато лице. Овој пат станува збор за 42 годишна прилепчанка, за која братот пријавил дека се оддалечила од домот. Од полицискиот билтен и пријави за 3 физички напади врз две жени и двајца мажи од Прилеп и...