Чествување на 116 годишнината од раѓањето на Круме Кепески, авторот на првата Македонска граматика

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Во организација на ЈОУ Градска библиотека „Борка Талески“- Прилеп и Друштвото за наука и уметност Прилеп утре, вторник, 8 ми април 2025, ќе се одржи чествување на 116 годишнината од раѓањето на  истакнатиот културен деец, Круме Кепески, автор на првото издание  „Македонска граматика“ публикувано во 1946 година. По тој повод во ЈОУ Градска библиотека „Борка Талески“- Прилеп утре со почеток во 18:00 часот ќе одржи настан-промоција на книга „Необјавени страници за македонскиот јазик“ и предавање.
Книгата „Необјавени страници за македонскиот јазик“ е приредена од проф. д-р Јованка Кепеска и содржи материјали од оставината на основоположникот на македонското граматичарство, авторот на првата македонска граматика, истакнат македонист, педагог, учебникар, методичар, преведувач, собирач на народни умотворби. Оваа книга е втора со оставината на Круме Кепески, првата – „Статии и анализи за македонскиот јазик“, е објавена во 2014 година.
Промотор е д-р Симона Груевска Маџоска, а предавач Слободан Беличански

Круме Кепески (1909 – 1988) е роден е во Прилеп, во ситносопственичко-занаетчиско семејство. Основното и шест класа гимназија ги завршил во Прилеп, а средното образование го дооформил во Битола. Дипломирал на групата Српскохрватски јазик и старословенски јазик во Белград (1935). За време на македонската ослободителна војна, како припадник на бригадата „Гоце Делчев“, во 1944, Круме Кепески добива обврска да работи на собирање на историски материјали за Македонија кои треба да послужат за мировната конференција во Париз. Во 1945 година работи на првата македонска граматика, која од печат излегува во почетокот на 1946 година. Во почетокот на 1946 година, со Воислав С. Илиќ и едно воено лице работи на утврдување на македонската терминологија за воената артилерија, а во 1946 година станува прв главен редактор на Македонското државно книгоиздателство. Во својот работен век Круме Кепески работел најпрво како професор по славјанска филологија во гимназиите во Прилеп, Приедор, Плевен, Велес и како професор по македонски јазик во Неготино, во Учителската школа и Техничкото училиште во Скопје и во Учителскиот институт во Горна Џумаја (Благоевград).

Ангажиран бил во различни курсеви, предавајќи македонски јазик, а потоа бил избран за професор на вишепедагошкиот курс, кој траел една година, за да се оформат првите наставници. Од 1949 година до пензионирањето во 1977 година, со мали прекини, бил професор по македонски јазик, методика на македонскиот јазик и старословенски јазик на Педагошката академија во Скопје.

За својот најзначаен придонес за македонскиот јазик – авторството на првата македонска граматика, Круме Кепески запишал:
„Со здобивањето на нашата национална слобода … со Решението на Првото заседание на АСНОМ се озакони заведувањето на маке¬дон¬скиот литературен јазик, се создадоа благопријатни услови за развиток како на нашта просвета, така и на нашата култура. Тогаш кога во сите наши села и градови се отворија голем број школи и други културни институции, исто¬риска беше нужноста од создавање на граматика за македонскиот литературен јазик. Самоиницијативно, чувствувајќи патриотски долг да му помог¬нам на својот народ, се одзовав на апелот од Крсте Мисирков кој вели: „македонската интелигенција требит да зборуат меѓу себе на централното наречје и тоа наречје имат да бидит литературен јазик на Македонците“, како и на апелот на Ѓорѓи Пулевски: „људи учени који го познавајет јазикот мајкин да се соберат и состават граматика“, и се зафатив со тешка задача – со пишување на првава Граматика на македонскиот лите¬ра¬турен јазик.“ – „Тоа што е направено со составувањето на првата граматика на македонскиот јазик претставува санкционирање на една објектив¬на јазична ситуација и култура, која ја создаваа Македонците низ вековите.“

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Ќе се мијат улиците за почист град

Ќе се мијат главите сообраќајници за почист град, соопштуваат од ЈКП Комуналец, кои ветуваат дека ова миење на улиците, во иднина ќе се одвива редовно. Но, за темелно чистење на овие површините граѓаните ќе мора да ги отстранат паркираните автомобили на тротоарите во одреден термин. Имено, На 15.02.2026 година(недела), од...

Да му помогнеме на 14 годишниот Марко!

Марко Џолевски има само 14 години, а веќе животот го има соочено со редица здравствени предизвици. Неодамна во Турција беше опериран од тумор на жолчката, но неговата битка за подобро здравје сè уште трае, бидејќи живее со епилепсија, нарколепсија, апнеа, замор и болки.По враќањето од Турција, гастрохепатолошките и невролошките состојби...

Прилепчани не се предадоа лесно – битолскиот шампион се помачи за победа

Ракометарите на Прилеп во натпреварот од 21. коло на македонската Суперлига на гостувањето кај Еурофарм Пелистер во Битола, се вратија со пораз,  32-27 (16-12) . Но, РК Прилеп не се предаде и со солидна игра,особено во во второто полувреме држеше мала негатива. На средина од вториот дел  од натпреварот Шипинкоски...