Честитка од претседателот Пендаровски по повод Меѓународниот ден на Ромите

Оригинален линк на написот: Text.mk

Претседателот Стево Пендаровски по повод Меѓународниот ден на Ромите ‒ 8 Април, упати честитка до припадниците на ромската заедница во Република Северна Македонија.
„Почитувани сограѓани Роми,
Дозволете ми да ви го честитам 8 Април, Меѓународниот ден на Ромите, и да ви посакам добро здравје, среќа и бериќет. Искажувајќи ја својата почит кон ромската етничка заедница како нераскинлив дел од македонското мултиетничко општество, би сакал да ви се заблагодарам за вашиот придонес за развојот и за напредокот на нашата заедничка татковина.
Токму на овој значаен празник не само за ромската заедница, туку и за сите наши граѓани, би сакал да упатам апел и понатаму ревносно да работиме за решавањето на сите предизвици со кои се соочуваат нашите сограѓани од ромска националност. Со задоволство можеме да се пофалиме дека имаме градоначалник Ром во општина во која ромскиот јазик е официјален и постојано присуство на Ромите во државните институции и во јавниот и општествениот живот. Сепак, мораме да потенцираме дека проблемите со кои се соочуваат Ромите, како што се пристап до здравствена заштита, образование, домување, ги вбројуваат во социо-економски ранливите групи и затоа треба посветено и без импровизации да се бара излезно решение.
Заедно и сложно да се справиме со сите отворени прашања, градејќи просперитетна и сигурна иднина за секого.
Нека ни е честит 8 Април – Меѓународниот ден на Ромите!“, порача во честитката претседателот Пендаровски.

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Депресијата почнува пред породувањето: скриениот товар на бременоста

Долго време се сметаше дека психичките проблеми кај мајките започнуваат по раѓањето на детето. Но, новите сознанија од клиничката пракса предупредуваат: депресијата често започнува многу порано – уште за време на бременоста. Според психијатриските проценки, значителен дел од таканаречената постпородилна депресија има свои корени во текот на деветте месеци пред раѓањето. Овој факт ја менува The post Депресијата почнува пред породувањето: скриениот товар на бременоста first appeared on Text.mk.

Бившиот сопруг на Jennifer Aniston стана татко: Емотивна објава на Justin Theroux

Поранешниот сопруг на холивудската ѕвезда Jennifer Aniston, актерот Justin Theroux, стана татко за првпат. Радосната вест ја сподели самиот тој преку социјалните мрежи, каде објави емотивна порака по раѓањето на неговото дете. Theroux и неговата сопруга, актерката Nicole Brydon Bloom, го добија своето прво заедничко дете, отворајќи ново поглавје во нивниот живот. Иако деталите за The post Бившиот сопруг на Jennifer Aniston стана татко: Емотивна објава на Justin Theroux first appeared on Text.mk.

Паника во Хрватска за детска храна – дали има ризик и кај нас?

Веста што ја објави N1, а ја пренесоа и други медиуми, предизвика вознемиреност кај родителите во регионот. Станува збор за случај во Хрватска, каде што е покрената итна истрага по сомнежи дека во одредени производи за детска исхрана HIPP биле внесени опасни супстанции. Според досегашните информации, надлежните институции во Хрватска реагирале со зголемени контроли и The post Паника во Хрватска за детска храна – дали има ризик и кај нас? first appeared on Text.mk.