Честитка од Градоначалникот на Прилеп по повод празникот Св.Климент Охридски

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Денеска по повод одбележувањето на државниот празник, Денот на Св. Климент Охридски, 8-ми Декември,  со кој се одбележува делото на првиот словенски писател и просветител, првиот словенски епископ и творец на Охридската книжевна школа, Св. Климент Охридски, градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски,  им го честита празникот на своите сограѓани. Тој во својата честитка напиша:

“Во мое лично име и во името на Општина Прилеп, на сите православни верници и на сите наши сограѓани им го честитам големиот христијански празник посветен на Св. Климент Охридски. Денес го одбележуваме споменот на еден од најзначајните духовници, учители и просветители во македонската историја, светителот кој ја постави основата на словенската писменост, ја создаде Охридската книжевна школа и го издигна македонскиот духовен и културен идентитет. Неговото богато наследство и денес претставува столб на нашата традиција, образование и духовност. Нека делото на Свети Климент не води кон мудрост, добрина и човечност. Нека празникот ни донесе мир, здравје и благосостојба. За многу години!“, се вели во честитката на градоначалникот, Проданоски.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

🏃‍➡️Хуманитарна „Трка со срце“ во Прилеп – спортот е многу повеќе од натпревар🏃‍♀️‍➡️

Во  организација на Ротаракт Клуб Прилеп денеска се одржаа две хуманитарни трки во Прилеп „Трка со срце“ низ прилепските улици. На двете патеки од 5 км и од  10 км учествуваа над 300 учесници. Поттикнување на хуманост, заедништво и инклузија е поводот за настанот кој се организира за прв пат....

СВР Битола: За 6 часа казнети 80 мотоциклисти и возачи на тротинети, 44 за неносење кацига

Во акциска контрола во сообраќајот на територијата надлежност на СВР Битола во еден ден за 6 часа биле изречени 80 казни за возачи на велосипеди, мотоцикли, трицикли, четирицикли и електрични тротинети: „Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и сите заеднички да придонесеме за...

Се поставуваат „легнати полицајци“ на 20 локации во Прилеп

За поголема безбедност за сите учесници во сообраќајот во Прилеп, општината започна со реализација на проектот за поставување на технички средства за забавување на сообраќајот („легнати полицајци“). На околу 20 локации низ општина Прилеп, каде што постои потреба од дополнителни мерки за заштита и поголема безбедност на граѓаните се поставуваат...