Чешиново-Облешево: Третата Форумска сесија на проектот „Зајакнување на општинските совети“ презентира пет нови инфраструктурни предлог-проекти“

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Во Чешиново Облешево Денес се одржа третата Форумска сесија во рамките на проектот „Зајакнување на општинските совети“, на која беа презентирани пет предлог-проекти од областа на инфраструктурата. Проектите кои беа разгледани вклучуваат:

Изградба на автобуски постојки;
Изградба на простор за детско игралиште во градинката „Ѕвездички“ во Чешиново;
Реконструкција на патниот правец Облешево-Спанчево, со уредување на банкини;
Изградба на детски паркови и набавка на содржини за парковите во Облешево и Теранци;
Изградба на нова бушотина за вода кај повеќенаменското игралиште во село Облешево.

Проектот „Зајакнување на општинските совети – фаза 2“ е финансиран од Швајцарската Влада и Министерството за локална самоуправа, а ја кофинансира и спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), во соработка со националните и локалните партнери.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Во подготовка книгата “Пепелта памти” од авторот Вероника Саздовска

Почитувани родители,   Во знак на почит и сеќавање на трагедијата, подготвувам книга со наслов „ПЕПЕЛТА ПАМТИ“, во која сакам да им оддадам достоен спомен на сите жртви. Доколку сакате името и презимето на вашето дете да биде запишано во книгата како дел од овој споменик во зборови, ве молам обратете ми се со ваша

Повредените со кошаркарски натпревар во чест на загинатите

В недела, 15 март 2026 година, со почеток во 10:30 ч. ќе се одржи велосипедска тура во чест на загинатите и на повредените во трагедијата. Поаѓањето е од Паркот на Револуцијата, по што учесниците ќе возат низ Оризари, Прибачево, Грдовци, Мојанци, Подлог и покрај местото на трагичниот настан – „Пулс“, по што турата ќе заврши повторно