Чарна Невзати се врати од Мис на светот 2025: „Благодарна сум што можев да ја претставувам мојата земја“

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

„Не сум разочарана, напротив, чувствувам благодарност што бев дел од нешто толку значајно и што имав можност да ја претставувам својата земја“ – вели Чарна Невзати за CRNOBELO.com, која иако не влезе во топ 40, доби огромна поддршка од македонската јавност.

Нашата убавица Чарна Невзати, која три недели беше во Индија на изборот за Мис на светот 2025, се врати дома.

Таа имаше прекрасно патување на кое запозна преку 100 девојки од целиот свет, се дружеше, забавуваше, искуси нови работи и притоа, во најубаво светло ја претстави Македонија.

За жал, во финалето што се одржа на 31 мај, таа не влезе во топ 40 девојки од целиот свет (финалистките беа поделени во 4 групи по 10 од секој регион).

Мис на светот за 2025-та, пак, е претставничката на Тајланд, Опал Суката Чуангри.

 

Чарна, за CRNOBELO.com вели дека е пресреќна што имала можност да ја претставува Македонија:

„Целиот процес беше навистина посебно искуство за мене. Се сретнав со многу инспиративни девојки и научив многу за себе и за светот на изборите за убавина.

Искрено, не можам да кажам дека сè се знаеше однапред – но како и во секое натпреварување, секој има свои фаворити.

Не сум разочарана, напротив, чувствувам благодарност што бев дел од нешто толку значајно и што имав можност да ја претставувам својата земја“.

Погледнете повеќе фотографии од Чарна:

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Вози сигурно, избери „D Мото“ – Кочани !

Д Мото – Кочани, вистинското место за секој моторџија! Голем избор на делови за мотоцикли, квалитетни акумулатори, издржливи пневматици, модерни кациги и врвна мото козметика – сè на едно место. Сигурност, квалитет и перформанси за вашето возење – секој ден. Локација: под големиот паркинг кај ГТЦ Кочани. Контакт: 071 208 849. Д Мото – за

Четири наставнички од училишниот младински клуб „Драгана Минова“ од ОУ „Раде Кратовче“ успешно го завршија учеството во Еразмус + проекти

Четири наставнички од училишниот младински клуб „Драгана Минова“ од ОУ „Раде Кратовче“ успешно го завршија учеството во два Еразмус + проекти што се одржаа во Смолјан, Бугарија. Во рамки на проектите, тие учествуваа во обуки и работилници посветени на ментално здравје при што стекна нови знаење и искуства. За својот ангажман добија сертификати, а од

За борачот Ангелов – спртската стипендија од Општината

Борачот Филип Ангелов, член на БК „Спартак“ од Кочани е стипендист на Општина Кочани за спортските резултати што ги постигнаа во борењето минатата година. Ангелов, кој е активен спортист во борењето пет години и е носител на повеќе високи награди на домашно и на меѓународно ниво во 2025 година, е единствениот кандидат што во целост