Безвременската опера „Травијата“ од Џузепе Верди, ремек-дело кое плени со својата страст, драматургија и незаборавна музика, ќе биде изведена на сцената на Националната опера и балет на 20 февруари 2026 година, со почеток во 19.30 часот. Инспирирана од романот „Дамата со камелии“, оваа опера раскажува човечка приказна за љубовта, жртвата и судирот со општествените норми.
The post Безвременската оперска класика „Травијата“ од Џузепе Верди на сцената на Националната опера и балет first appeared on Text.mk.
На сцената на Македонскиот народен театар на 1 април, во рамките на роденденското одбележување 81 година МНТ, ќе гостува Словенечко народно гледалиште од Марибор со претставата „Амадеус“ од наградуваниот Питер Шафер и во режија на меѓународно признаениот македонски режисер Александар Поповски. Претставата е псевдобиографска комична драма за еден од најславните композитори на сите времиња, напишана од англискиот драматург, сценарист и романописец, добитник на многубројни престижни награди. Најпознатата драма
The post Александар Поповски со мариборскиот „Амадеус“ на СНГ гостува во МНТ first appeared on Text.mk.
Овој вторник (10.02) во кафе-киното „Котур“ ќе настапи хрватскиот бенд „Загушљиви дим“, а ќе бидат придружени од македонскиот импровизаторски состав „Improof“. Концертот ќе започне во 21 часот и влезницата чини 300 денари. „Загушљиви дим“ е power трио од Чаковец, Хрватска, кој звучи како најдоброто од построкот, психоделијата и прогресивниот рок измешано во еден инструментален котел.
The post Концерт на „Загушљиви дим“ и „Improof“ во Котур first appeared on Text.mk.
Македонска филхармонија в четврток со почеток во 20 часот ќе го одржи традиционалниот концерт по повод Денот на вљубените и виното, насловен „Бакнеж во Париз“ на кој ќе биде изведена француска музика. Како солисти ќе настапат Фелисиен Брут, хармоника и Ексел Сан Сирел, мецосопран од Франција, а диригент е Тимоти Редмонд. „Кога зборуваме за љубовта и романтичната страна на животот,
The post Традиционален концерт на Филхармонија по повод Денот на вљубените и виното first appeared on Text.mk.
Во чест на првата претстава во Македонскиот народен театар, изведена на 3 април 1945 година, мината година, театарот одбележа 80 години од постоењето. Годинава продолжува со одбележувањето на јубилејот и на 81 година од постоењето. Роденденот на МНТ беше одбележан со македонски сценски спектакл, каде беше степенувана важноста на ансамблот на МНТ и претстави од македонски автори, кои оставија достоинствен белег во институцијата. Годинава пак, прославата се надоврзува на таа
The post МНТ ја продолжува јубилејната прослава со меѓународни гостувања – Никола Ѓуричко, Александар Поповски, омаж за Пандур и ЦНП на роденденската програма first appeared on Text.mk.
Монодрамата „Последниот час на Његош“, со актерот Слободан Маруновиќ, првенец на Црногорското народно позориште ќе гостува на сцената во Македонскиот народен театар, на 28 февруари, во 20 часот. По текст на Слободан Томовиќ и во режија на Благоја Ераковиќ, монодрамата во која ликот на Петар II Петровиќ Његош, маестрално ја игра Маруновиќ, досега е изведена повеќе од 1.500 пати на театарските сцени низ светот. Ги има добиено најголемите регионални,
The post Култната монодрама „Последниот час на Његош“ која го прошета светот, гостува во МНТ first appeared on Text.mk.
На 19 февруари, со почеток во 20:00 часот, Националниот Џез Оркестар ќе одржи концерт со светски познатиот пијанист и органист Renato Chicco. Концертот ќе се одржи во Националната опера и балет во Скопје, под диригентската палка на маестро Џијан Емин. Renato Chicco е музичар чиј израз се обликувал на њујоршката џез-сцена во 1990-тите години. Во тој период, како член на оркестарот
The post Концерт на Национален џез оркестар и Renato Chicco first appeared on Text.mk.
Јубилејното 60. издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ – Прилеп оваа година ќе се одржи од 5 до 12 јуни во Прилеп. Ова беше одлучено на Собранието на фестивалот, што се одржа минатата недела. Во тек се подготовките на фестивалот и тимот активно работи фестивалот да има достоен јубилеј, креативна програма и да се
The post Јубилејниот 60. МТФ „Војдан Чернодрински“ од 5 до 12 јуни во Прилеп first appeared on Text.mk.
На 21 февруари, во 20 часот, во Македонскиот народен театар ќе гостува претставата „Црнила“, во продукција на Народниот театар „Војдан Чернодрински“ – Прилеп, во режија на Дејан Пројковски. „Црнила“ е психолошко-политичка драма, која ја разоткрива кревкоста на човековата етика во затворен систем на заговори и идеолошка дисциплина. Во фокусот е ерозијата на индивидуалната совест под
The post Народниот театар „Војдан Чернодрински“ со претставата „Црнила“ на сцената во МНТ first appeared on Text.mk.
Оваа сабота (7 февруари), во рамките на фестивалот „Денови на литературата“ на „Арс Ламина“, во книжарницата на „Литература“ во „Дајмонд мол“ со почеток во 18:00 часот, ќе се одржи промоција на книгата „Златната книга на Лудви“ од Тина Иванова. Илустрациите се дело на Рената Јосифовска. Книгата е инспирирана од животот и творештвото на големиот композитор
The post Промоција на книга за деца и претстава „Златната книга на Лудви“ од Тина Иванова first appeared on Text.mk.
Народниот театар Битола со претставата „Црно семе“ ќе гостува на сцената на Македонскиот народен театар, на 20 февруари, во 20 часот. Станува збор за сценска адаптација на истоимениот антологиски роман на Ташко Георгиевски, во режија на Андреј Цветановски. „Црно семе“ е моќна и емотивна сценска приказна, која отвора едно од најболните поглавја од македонската колективна меморија — судбината и голготата
The post Народниот театар Битола со претставата „Црно семе“ гостува во МНТ first appeared on Text.mk.
Овој четврток со почеток во 20 часот оркестарот на Македонска филхармонија ќе одржи концерт насловен „Ѕвездено арпежо“ на кој како солистка ќе настапи Анлин Ленартс, водечка харфистка од Белгија, која во моментов работи во оркестарот на престижната Виенска филхармонија. Диригент е маестро Конрад ван Алфен од Холандија. На програмата се „Горе и долу – три
The post Филхармонија го најавува „Ѕвездено арпежо“ со врвната харфистка Анлин Ленартс first appeared on Text.mk.