Кои се предностите на темното чоколадо?

Научните студии покажуваат дека темното чоколадо е богато со антиоксиданси и полнo со хранливи материи, што го прави оваа горко-слатка деликатеснa храна со бројни предности. Темното чоколадо содржи фитонутриенти наречени флавоноиди, растителни хемикалии кои делуваат како антиоксиданси. Растението какао, од кое се добива чоколадото, исто така содржи соединение наречено теобромин, кое игра значајна улога во The post Кои се предностите на темното чоколадо? first appeared on Text.mk.

„Господа Глембаеви“ од ЦНП гостуваат во Македонскиот народен театар

По потпишувањето на Меморандумот за соработка меѓу Македонскиот народен театар и Црногорско народно позориште, на големата сцена во МНТ, на 17 март во 20:00 часот, ќе гостува претставата „Господа Глембаеви“ во режија на Данило Маруновиќ, по текст на Мирослав Крлежа, а во продукција на ЦНП.  Во претставата играат: Светозар Цветковиќ, Кристина Обрадовиќ, Мишо Обрадовиќ, Уна The post „Господа Глембаеви“ од ЦНП гостуваат во Македонскиот народен театар first appeared on Text.mk.

Почина креаторот на „Нутела“

Франческо Ривела, хемичарот на „Фереро“ и еден од клучните луѓе во создавањето на светски познатиот намаз од лешник и чоколада, почина на Денот на вљубените – точно десет години по смртта на основачот на „Фереро“, Микеле Фереро. Италијанските медиуми го нарекоа „татко на Нутела“ бидејќи значително придонел за развојот на овој легендарен производ. Ривела е The post Почина креаторот на „Нутела“ first appeared on Text.mk.

Балетскиот бисер „Есмералда“ од Чезаре Пуњи во НОБ

Еден од бисерите на класичната балетска уметност „Есмералда“ од италијанскиот композитор Чезаре Пуњи, ќе се изведе на сцената на Националната опера и балет на 19 февруари со почеток во 20.00 часот. Приказната за убавата Есмералда, инспирирана од романот „Ѕвонарот на Богородичната црква” од Виктор Иго, ќе се изведе под диригентската палка на гостинот од Ерменија, Едуард The post Балетскиот бисер „Есмералда“ од Чезаре Пуњи во НОБ first appeared on Text.mk.

Симптомите на менопауза можат да се ублажат со правилна исхрана

Симптомите на менопауза се многу непријатни, но, за среќа, со внимателен избор на исхрана, тие можат значително да се ублажат, велат нутриционистите. Ако сте навикнати ноќе да го фрлате покривачот од себе, само за неколку моменти подоцна повторно да се завиткате во него, тогаш добро знаете што е ноќно потење – еден од најтешките симптоми The post Симптомите на менопауза можат да се ублажат со правилна исхрана first appeared on Text.mk.

„Двојни аршини на теренот: Дали тримесечната суспензија на Синер е порака или преседан?“

Пишува: Наташа Доковска Во последно време, спортската јавност е вознемирена поради тримесечната суспензија на италијанскиот тенисер Јаник Синер поради допинг аферата. Оваа одлука предизвика бројни дебати околу нејзината праведност и потенцијалните двојни аршини во спортот. Тримесечната суспензија е релативно кратка во споредба со стандардните казни за допинг прекршувања, кои обично се движат од неколку месеци The post „Двојни аршини на теренот: Дали тримесечната суспензија на Синер е порака или преседан?“ first appeared on Text.mk.

Во напад со автомобил во Минхен 28 повредени, осомничен Авганистанец

Автомобил влета во група демонстранти во Минхен, при што беа повредени најмалку 28 лица, како што соопшти полицијата, во намерен напад што се случи неколку часа пред светските лидери да пристигнат во јужниот германски град на безбедносна конференција на високо ниво. Се верува дека осомничениот за нападот е барател на азил од Авганистан (24), изјави The post Во напад со автомобил во Минхен 28 повредени, осомничен Авганистанец first appeared on Text.mk.

Конститутивна седница на Координативното тело за одбележување на 80-годишнината од кодификацијата на македонскиот литературен јазик

Денеска во Порта Македонија се одржа конститутивен состанок на Координативното тело за изготвување на програмата за одбележување на 80-годишнината од кодификацијата на македонскиот литературен јазик.  На првата конститутивна седница, министерот Љутков се заблагодари за присуството и за посветеноста да бидат дел од оваа значајна и одговорна работа,  со која се означи почетокот на подготовките за The post Конститутивна седница на Координативното тело за одбележување на 80-годишнината од кодификацијата на македонскиот литературен јазик first appeared on Text.mk.

Свечено доделување на традиционалните годишни награди на ДПМ

Утре напладне во ДПМ ќе се одржи свеченото доделување на традиционалните годишни награди на Друштвото на писателите на Македонија за 2024 г.  Добитници на наградите се: -Жарко Кујунџиски, за збирката раскази „Приказничар“, во издание на „Антолог“ (награда „Стале Попов“, членови на жири-комисија: Лилјана Пандева, Петар Андоновски, Блаже Миневски) -Иван Џепароски, за збирката песни „Посвети и The post Свечено доделување на традиционалните годишни награди на ДПМ first appeared on Text.mk.

Со проектот „Страда бруталисима“ ќе се претставиме на 19. Биенале на архитектурата во Венеција

Проектот „Страда бруталисима“ на авторите д-р Благоја Бајковски, д-р Ана Рафаиловска, м-р Невенка Манчева Аџиевска и м-р Марија Антиќ Николовска, во организација на Националната галерија, ќе ја претставува нашата држава на 19-тата Меѓународна изложба на архитектурата во Венеција. Комесари на изложбата се Фросина Зафировска и Маја Неделковска Брзанова. Како ншто соопшти денеска на прес-конференција министерот за The post Со проектот „Страда бруталисима“ ќе се претставиме на 19. Биенале на архитектурата во Венеција first appeared on Text.mk.

Додатоците на омега-3 може да го успорат биолошкото стареење

Се чини дека дневниот додаток на омега-3 го забавува биолошкото стареење кај постарите луѓе, особено ако се комбинира со витамин Д и вежбање, пренесува научниот магазин „Њу сајантист“. Како што е веќе познато, омега-3 или „добрите“ масти кои се наоѓаат во семките, јаткастите плодови и некои риби – можат да го зајакнат нашиот имунитет, здравјето The post Додатоците на омега-3 може да го успорат биолошкото стареење first appeared on Text.mk.

Пет намирници кои можат природно да го намалат холестеролот

Исхраната може да влијае на здравото ниво и границите на холестеролот. Пред сè, важна е разновидната исхрана. Во продолжение, ви претставуваме пет намирници кои можат да имаат дополнителен заштитен фактор за артериите. Печени бадеми Само една шака бадеми содржи неверојатни 9 грама мононезаситени масти, кои помагаат во намалување на лошиот холестерол додека го зголемуваат добриот The post Пет намирници кои можат природно да го намалат холестеролот first appeared on Text.mk.