Во организација на Општина Прилеп оваа година подготвена е богата седумдневна програма по повод 11 Октомври Денот на народното востание на македонскиот народ, исполнета со културно-забавни и спортски настани. На 4 ти октомври, сабота од 10 часот започнува Меѓународниот традиоционален турнир во џудо „Прилеп град херој – 2025“ во спортската...
По повод 11 Октомври – Денот на народното востание, ЈОУ Градска библиотека „Борка Талески“-Прилеп, ќе чествува со настан насловен „Низ стихови за татковината“. Програмата започнува од 17 и 30 часот со „Историски осврт“ посветен на 11 Октомври од историчарот Горјан Василески. Стихови со родуљубива поезија ќе читаат актерите Даниела Иваноска...
Во рамките на 6.коло во машката ракометна Супер лига,вечерва во 18 часот, во спортската сала на СОУ Ристе Ристески Ричко ракометарите на Прилеп ја пречекуваат Струга.Овие двајца ривали, меѓусебно се познати и секогаш прикажувале ракомет кој ја држи публиката во неизвесност, со многу акции и „тесен резултат“ до крајот на...
Утре, во спортската сала на СОУ „Ристе Ристески-Ричко“ќе се одржи 15. традиционален меѓународен турнир во џудо „Прилеп град херој 2025 – Цевитана куп“. Турнирот е во организација на џудо-клубот Сеишин од Прилеп, а со поддршка на Џудо-федерацијата на Македонија (ЏФМ) и е за возрасните категории, деца, помлади пионери и пионери,...
Носителката на советничката листа д-р Билјана Кржеска од Коалицијата Твоја Македонија предводена од ВМРО ДПМНЕ ги пренесува начините како ќе се воспоставува грижата кон граѓаните во Општина Прилеп преку: обезбедување домашни посети за оние на кои им е најпотребно, континуирана поддршка за постарите лица, подобрување на пристапноста и услугите за...
По сообраќајка која се случила во Прилеп денеска, 03.10.2025, настанала расправија меѓу двајцата возачи, по што едниот се здобил со убодна рана, информираат од СВР Битола:
Денеска се одржа 69 седница на Совет на Оптшина Прилеп. Советниците од овој состав ги донесоа последните одлуки: Дадоа согласно на тримесечниот извештај за финасиското работење на ЈП Пазари – Прилеп и на ЈКП Водовод и Канализација Прилеп за период април /јуни 2025 година и му дадоа согласнот на Јавно...
Денешното утро во нашата донесе многу ладно време со невообичаено ниски температури на воздухот, а на повеќе места беше и врнежливо со што поради заладувањето снег врнеше и во делови од градовите во западните и во северните предели од нашата Македонија. Најладно утрово беше на Попова Шапка со измерени -4...
Од синоќа во прекин е сообраќајот на регионалниот пат Никифорово – Леуново – Бунец поради врнежи од снег и паднати дрвја на коловозот. Од 5 часот утрово, пак, поради одрон на патниот правец меѓу кратовските села Живалево – Туралево сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лента, соопшти АМСМ. АМСМ...
Книгата „Драмолетање“ во издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ од Прилеп ќе биде промовирана утревечер во 19 часот во Факултетот за драмски уметности во Скопје. Четири драми избрани од првиот повик и пичинг форум што се организираше во рамките на 59-то издание на фестивалот, се застапени во ова важно...
Оние кои денес најгласно зборуваат за јавните претпријатија се токму истите чија негрижа ги доведе до колапс, потенцираа од ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп. СДС е партијата која ги натрупа претпријатијата со партиска војска и ги претвори во партиски штабови, без план, без систем, без домаќинско работење, за сега да глумат лицемерие.
„На крајот на 4-годишното владеење на ДПМНЕ, нашиот град, Прилеп, го допре дното. Покрај целосно нефункционалната Општина, власта во заминување зад себе остава и јавни претпријатија пред банкрот, чиј вкупен долг надмина 2 милиони евра“ посочи Петра Лукароска, кандидатка на СДСМ и Коалицијата за градоначалник на општина Прилеп. Видео ЛИНК