Во тек јавниот увид во избирачкиот список

Јавниот увид во Избирачкиот список започна на 23 август и ќе трае 20 дена — заклучно со 11 септември на полноќ. ДИК ги повика граѓаните да ги проверат своите податоци и навреме да пријават евентуални неточности. Поднесувањето барања за запишување, дополнување или бришење на податоци се врши писмено во подрачните...

Спортски викенд: Турнирот “Миле Нешкоски“ го освоија битолчани, Победа поразена во Новаци, ФК Големо Коњари загуби дома

Ракометарите на Е.Пелистер 2 освоија Меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“, откако во битката за трофејот славеа сигурна победа над домаќинот Прилеп со 26-32 (17-15). Со тоа заврши 10 издание на ракометниот турнир “Миле Нешкоси“ . За најдобар голман беше прогласен Мартин Јовановски од Еурофарм Пелистер 2, а признанието за најкорисен ракометар,...

Мајка и ќерка од Канатларци се пријавени во полиција дека нападнале брачен пар

Мајка и ќерка од Канатларци се пријавени во прилепската  полиција дека нападнале брачен пар од истото село. Што е причината за нападат не се знае, но видно уплашен брачниот пар, нападот го пријавил во полиција. Настанот се случил синоќа, пред полноќ (24.08.2025) во 23:00 часот кога во ОВР Прилеп, А.И.(39)...

Поради протест на вработените два дена Прилеп ќе нема градски превоз

Поради протест на возачите, сите три линии на Јавниот градски превоз Прилеп нема да сообраќаат до среда 27.08.2025 година, информираат од Јавното претпријатие за просторно и урбанистичко планирање, под чија надлежност е градскиот превоз. Засега нема информации зошто е протестот на возачите и зошто прилепчани два дена ќе останат без...

Се бара дванаесетгодишно девојче кое од синоќа се оддалечило од домот

Од синоќа е изчезнато дванаесетгодишно девојче , а полицијата презема мерки за пронаоѓање На 23.08.2025 во 02:00 часот во ОВР Прилеп, А.Т.(37) од Прилеп пријавил дека од домот се оддалечила неговата ќерка Р.Т.(12),. Таа и  претходно неколку пати се оддалечувала од домот на родителите и била враќана назад . Се...

При претрес во дом полицијата пронашла марихуана кај девојката

Синоќа (22.08.2025)  во 22:30 часот во Прилеп , полициски службеници од ОВР Прилеп ја лишиле од слобода И.П.(22) од Прилеп. При претрес во нејзиниот дом, извршен со наредба од Основен суд Прилеп, била пронајдена марихуана. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на настанот против неа ќе...

Во прекин сообраќајот Кривогаштани -Прилеп

Сообраќајот на регионалниот пат Р-1306 Кривогаштани-Прилеп, денеска и утре ќе биде во прекин од 09.00 до 12.00 часот поради одржување на меѓународен натпревар во ФИС ролер-ски натпревар-Тодор Проевски. Сообраќајот, како што информираат од АМСМ ќе се одвива преку алтернативни патишта.

Сефте на ФК Големо Коњари во Втората лига на домашен терен со Детонит

На домашен терен, на реновираниот и подготвен фудбалски стадион во Големо Коњари утре истоимената екипа ќе го игра сефтето во Втората фудбалска лига.  Првиот првенствен дуел дома е на 23 август, од 17 часот со Детонит Плачковица од Радовиш. На голема радост од публиката, освежениот и подновен фудбалски тим на...

Ќе се намалува бројот на советници во советите на општините и Град Скопје

ДИК го донесе упатството за бројот на советници во советите на општините и Град Скопје – ќе се намали бројот на советниците во новите Совети на дел од општините, поради намалување на бројот на жители во некои општини. – Согласно Изборниот законик и Деловникот, ДИК одлучува со мнозинство гласови. Констатирам...

Само две жени официјално кандидирани за градоначалник на Општина Прилеп

Засега, официјално во трката за градоналничката функција за Прилеп за претстојните Локални избори 2025, во ОКИ – Прилеп, својата кандидатура ја пријавија две жени – едната од СДСМ, Петра Лукароска, а другата како независен кандидат, Павлинче Матеска. Додека Лукароска повеќе од еден месец (кандидатурата објавена на 18 јули 2025 година)...

(Видео) Сеуште активен пожарот кај Плетвар меѓу селата Беловодица и Лениште

Изминатото деноноќие на територија на државава има регистрирано вкупно 27 пожари на отворен простор. Од 27 пожари, осум се сеуште активни, информираат од Центарот за управување со кризи. Активни  пожари на отворено има и на територија на општините Прилеп и Долнени. Огнената стихија која веќе трет ден беснее помеѓу селата Беловодица...

Прилепско активни два пожари, во Јасен ветрот ја влошува состојбата

Според информациите од Центарот за управување со кризи денеска, 21 ви август, до 18 часот на територијата на Македонија  има вкупно 20 пожари на отворен простор, од кои активни се 7, 1 под контрола и 12 изгаснати. Од седумте активни два се во прилепско: с. Беловодица – место викано Ливада...