Времето донесе пречки во одвивање на сообраќајот – укинатa забраните за движење на Стража и Ростуше

Од синоќа во прекин е сообраќајот на регионалниот пат Никифорово – Леуново – Бунец  поради врнежи од снег и паднати дрвја на коловозот. Од 5 часот утрово, пак,  поради одрон на патниот правец меѓу кратовските села Живалево – Туралево сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лента, соопшти АМСМ. АМСМ...

Промовирана книгата нови драми „Драмолетање“, издание на МТФ „Војдан Чернодрински“ – Прилеп

Книгата „Драмолетање“ во издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ од Прилеп ќе биде промовирана утревечер во 19 часот во Факултетот за драмски уметности во Скопје. Четири драми избрани од првиот повик и пичинг форум што се организираше во рамките на 59-то издание на фестивалот, се застапени во ова важно...

ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп: СДС е партијата која ги натрупа претпријатијата со партиска војска и ги претвори во партиски штабови за сега да глумат лицемерие.

Оние кои денес најгласно зборуваат за јавните претпријатија се токму истите чија негрижа ги доведе до колапс, потенцираа од ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп. СДС е партијата која ги натрупа претпријатијата со партиска војска и ги претвори во партиски штабови, без план, без систем, без домаќинско работење, за сега да глумат лицемерие.

Ликароска: Власта во заминување зад себе остава и јавни претпријатија пред банкрот, чиј вкупен долг надмина 2 милиони евра

„На крајот на 4-годишното владеење на ДПМНЕ, нашиот град, Прилеп, го допре дното. Покрај целосно нефункционалната Општина, власта во заминување зад себе остава и јавни претпријатија пред банкрот, чиј вкупен долг надмина 2 милиони евра“  посочи Петра Лукароска, кандидатка на СДСМ и Коалицијата за градоначалник на општина Прилеп. Видео ЛИНК

Како се врши мониторинг на можни злоупотреби на административни ресурси за време избори?

Мониторинг на можни злоупотреби на административни ресурси за време на локалните избори 2025 година во Општина Долнени и Општина Струмица спроведува Здружението ЛАГ Агро Лидер. Активностите се дел од пошироката иницијатива која се спроведува во повеќе од 25 општини низ целата држава со поддршка на Меѓународната фондација за изборни системи...

Крај на печатите за пасоши – Од 12 октомври Европа го воведува новиот систем за влез/излез (EES) во 29 земји

Почнувајќи од 12 октомври 2025 година, Европа ќе го воведе новиот систем за влез/излез (EES) во 29 земји, официјално заменувајќи ги традиционалните печати за пасоши со биометриски проверки. Наместо печати со мастило, патниците сега ќе ги скенираат отпечатоците од прсти и податоците за лицето, создавајќи дигитален запис за влезови и...

Промоција на првиот број за 2025 на списанието Стремеж

Во ЦК „Марко Цепенков“во Прилеп в сабота на 4.10. 2025  од 19 часот ќе се одржи промоцијата на првиот број за 2025 на списанието за литература, уметност и култура „Стремеж“. -Време е плодовите од гранките на дрвото на мудроста, кои се стремат кон единство со сончевата облагородувачка светлина и посегаат...

Полицијата во септември уапсила над 100 лица за недозволена трговија со дрога

Во рамки на тековните оперативни активности од областа на сузбивање на недозволената трговија со дрога, полициски службеници од различни полициски организациони единици во текот на месец септември, во повеќе различни случаи лишија од слобода над 100 лица, меѓу кои и неколку малолетници, кај коишто при извршени лични прегледи и прегледи...

(ЛИНК) Стрип кој ќе го промени мислењето за предвремените детски бракови како форма на трговија со деца

Tрговијата со деца претставува еден од најзагрижувачките аспекти на трговијата со луѓе во земјава. А, овој стрип е повеќе од уметност ! Тој е глас за оние кои немаат глас! Со силни визуелни симболи и трогателна нарација, успева да ја разоткрие суровата вистина за трговијата со деца и присилните детски...

Падна првиот снег, УХМР издаде портокалов метео аларм

Паѓа првиот снег на Попова Шапка за оваа сезона. Шапка е обелена и покриена со првиот слој снег што може да се види од видео камерите . Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денеска издаде потрокалов метеоаларм поради очекувани обилни врнежи од дожд. „Ќе има обилни врнежи од дожд, на...

Прилепските стопанственици со повеќе барања за развој на регионот

Стопанствениците од регионот, членови на Регионалната стопанска комора со седиште во Прилеп упатија повеќе предлози и барања до заменик министерот за економија и труд Марјан Ристески и до Дејан Проданоски кандидат за градоначалник на Прилеп од ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата Твоја Македонија, со цел подобрување на бизнис климата во регионот....

Ни доаѓа снегот

Под влијание на влажен и студен бран до петок времето ќе биде облачно и студено со врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат обилни. Вкупно од овој бран се очекува на повеќе места да наврнат над 30 l/m², а локално и над 50 l/m² дожд. Поради продор на постудена воздушна...