Македонската заедница во Чешка се обединува со ново раководство. Во Прага денеска одлучено е раководството да го предводи инг. Коле Боровски како претседател на асоцијацијата „Македонска мисл“ која ги опфаќа сите форми на културен живот во Чешка. Настанот се одржа во рамките на одбележување на јубилејните 25 години од основањето...
Со претставата Рибарот и рипката во изведба на театарската група Колозов, денес се отвори Мултифункционална сала во Општина Кривогаштани. Прекрасната приказна и беспрекорната глума на актерите Владо Дојчиновски, Пируника Киселички,Дубравка Киселички и Давид Илич, предизвикаа радост и насмевка на детските лица во преполната сала. Ова е само почеток на многу...
В недела почнува зимското сметање на времето. Со поместување на часовникот за еден час наназад, од 27 октомври почнува зимското сметање на времето, со што времето во 3 часот ќе се смета како 2 часот. Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд...
Пешак во Прилеп бил тешко повреден од како товарно возило вчера удрило во него: „Вчера во ОВР Прилеп било пријавено дека на ул.„Орде Тутески“ во Прилеп, товарно возило „фолксваген крафтер“ со скопски регистарски ознаки, управувано од П.А.(38) од Скопје, удрило во пешакот Љ.П.(64) од Прилеп. Во несреќата, пешакот се здобил...
Вечерва и утревечер, во Домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип, ќе се одржи триесет и деветтото издание на реномираниот музички фестивал на забавни мелодии Макфест. На пресконференцијата одржана денеска, се обрати градоначалникот на Штип, Иван Јорданов, а за деталите во врска со ова издание говореше уметничкиот директор Роберт Саздов....
Денеска 24.10.2024, со судска наредба, полициски службеници од СВР Битола во с.Свето Митрани, крушевско, извршиле претрес во куќа сопственост на Г. Б.(38) од с.Свето Митрани. При претресот биле пронајдени и одземени пушка, пиштол, две рамки за пиштол и куршуми за пиштол. По целосно документирање на настанот, против Г.Б. ќе следува...
Регионалниот центар за управување со кризи информира по известување од ЕВН – Македонија дека поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа на 25.10.2024 год. (петок) без напојување со електрична енергија од 08.30 ч. до 15.00 часот ќе останат следните корисници на улиците во Општина Прилеп : ул. ,, Велешка ”...
Македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова денеска ја прими во нејзиниот кабинет истакнатата македонска активистка и единствен одликуван граѓанин со македонско потекло во Холандија госпоѓа Светлана Мишева, почесен претседател на Македонската заедница во Холандија. На средбата претседателката Сиљановска-Давкова беше запозната со активностите на Заедницата, генезата на македонско-холандските културни врски и уделот на...
В петок на 25 октомври од 18.30 часот во ликовната галерија на Центарот за култура „Марко Цепенков“ ќе биде отворена ликовната изложба „Нова димензија во создавање 2 – Портрети“ од авторката Александра Димитрова. Ликовниот уметник Синиша Новески во анализата на делата на Александра Димитрова, вели дека самиот чин на создавање...
Дворот на централното ООУ „Страшо Пинџур“ Мало Коњари од денеска е збогатен со спортска опрема – теретана на отворено, наменета за учениците и младите за рекреативно – спортските активности. Донацијата е резултат на соработката на Општина Прилеп, Младинскиот совет Прилеп со Амбасадата на Кралството Холандија и невладината Про Локал. Проектот...
На 25 октомври со почеток од 19 часот во големата сала на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, целовечерен концерт ќе одржи виртуозниот инстументалист Стефче Стојковски заедно со неговиот ансамбл за народни инструменти и песни. Гости на вечерта ќе бидат членовите на Октет Прилеп и културно-уметничкото друштво „Моминок“. Виртуозот...
В четврток на 24 и в петок на 25 октомври од 20.00 часот во театарот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп ќе биде прикажана претставата „Хамлет“ во режија и адаптација на Бранко Брезовец. Театарската претсава е поставена според истоимената трагедија на Вилијам Шекспир, а со користење на драмите „Во малиот дворец“ на...