Наредната година ќе се реализира проектот „Купи куќа за млади” најави денеска вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски. Тој денеска се обрати на настанот во организација на Сојузот на стопански комори поврзан со иновативни решенија за паметни домови.
Од денеска, 19 ти ноември неколку откупувачи започнаа со преземање на тутунската реколта. Во Прилеп вратите ги отворија две откупни фирми за тутунопроизводителите. Но, освен што се набавуваат картонски кутии за пакување на производство, тутун не се предава. Земјоделците очекуваат повисоки фер цени за квалитетот кои што годинава го поседува...
Активностите за уредување на училишниот двор во ООУ „Рампо Левката“ се целосно заокружени. Нови клупи, партерно уредување, садници, автоматска порта со сензори и рекреативни справи се во функција на учениците се со цел пријатно да се чувствуваат за време на училишните одмори. Инвестирањето во подобри услови за сите ќе биде...
Учениците од IV-3 одделение од ООУ „Климент Охридски“ од Прилеп, водени од мудрите и хумани мисли на нивниот патрон Св. Климент Охридски, во месецот на штедењето се вклучија во хуманитарниот предизвик „Штедиме и правиме добри дела“ што го органзираше НЛБ Банка. Заедно со нивната наставничка Гордана Стојаноска, штедливите ученичиња ситните...
Фронтменот на култната музичка група „Фолтин“, Бранислав Николов заедно со добро познатиот прилепски актер Игор Трпчески, в среда од 19.00 часот во фоајето на ЦК „Марко Цепенков“ ќе го изведат поетско-шлагерскиот перформанс „Пелагониска плетенка“ и на тој начин ќе биде претставен проектот „Пијан славеј“. Овој проект претставува музичко-поетски формат во...
Храмот „Света Преподобна маченица Параскева (Петка) Римјанка“ во населбата Точила, Прилеп, поттикнат од големиот интерес од минатата година, по втор пат го распишува БОЖИКНИОТ НАГРАДЕН КОНКУРС за литературна и ликовна уметност на кој право на учество имаат учениците од основните училишта во Општина Прилеп. Празничниот конкурс е можност основците да...
Прилеп го одбележа Светскиот ден на предвремено родени бебиња 17 ти ноември, со традиционална хуманитарно донаторска иницијатива, а во организација на неформална група мајки на превремено родени деца која се одржа во ЈЗУ Општа болница со проширена надлежнсот „Борка Талески“. Целта со овие настани е да се подобрат условите во...
Годинава, 18 ти ноември е првиот ден од кога би можел да стартува раниот тутунски откуп. Во Македонија, денеска ниту една од 10 те откупни компании не започна со преземање на реколтата. И покрај најавите дека Кавекс Балкан ќе отвори еден откупен пункт во долненско Дебреште, тоа не се случи....
Разговор со Марјан Стојаноски, дипломиран скулптор – стручен соработник за визуелни уметности и координатор на ликовната колонија Дрен. Во годината кога Центарот за култура „Марко Цепенков“ слави јубилеј-45 години постоење, ликовната колонија „Дрен“ која работи „под капата“ на Центарот, е носител на плакетата „3 Ноември“ на Град Прилеп. Што значи...
Jaвното претпријатие “Пелагонија” од Кривогаштани, ги известува сите жители на населените места во оваа општина, дека поради честите дефекти на водоводната мрежа и неможноста водата да се хлорира соодветно, истата е неисправна за пиење и потребно е да се преварува 10 минути пред да се употребува. Соопштението е објавено на...
Ракометарите на Еурофарм Пелистер без проблеми славеа победа над Прилеп со 46:24. Вечерва во Битола, пред околу 1.000 гледачи, во салата “Боро Чурлевски“ ракометарите на Еурофарм Пелистер го отворија 11. коло од Супер лигата и лесно дојде до победа над екипата на Прилеп. Ракометарите на Прилеп едноставно беа немоќни пред...
Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека е забележана зголемена активност на измамници, кои преку социјалните мрежи се претставуваат како „финансиски советници“ и најчесто нудат услуги за тргување со криптовалути. Овие лица се рекламираат со лажни профили или спонзорирани реклами, често ветувајќи висока заработка и брзи добивки, со што...