Прилепската гимназија со духовна академија во чест на Св. Климент Охридски

Прилепската гимназија „Мирче Ацев“ во соработка со храмот „Св. Петка“, со поетско-музичко интермецо ќе го одбележи празникот Св. Климент Охридски. Настанот  е закажан за 7 декември од 19.00 часот во храмот „Св. Петка“ во Прилеп.        

В недела завршен настан на „Денови на Св. Климент Охридски“

В недела, на 8 декември, токму на празникот Св. Климент Охридски, во собраниската сала на Општина Прилеп, ќе се одржи завршниот настан од проектот „Денови на Св. Климент Охридски“. На настанот ќе бидат презентирани делата изработени од учениците од основните училишта од Прилеп и од основното училиште од с. Долнени,...

Утревечер во прилепскиот театар, претстава за еден трагач по индивидуалната слобода

Новата претстава „По име Господин“ во режија на Борис Василески утре (6 декември) од 20.00 часот, во театарот „Војдан Чернодрински“ ќе ја доживее својата премиера. Главната улога на Господинот ја толкува  актерот Димитар Ѓорѓиевски, а во претставата играат и Даниела Иваноска, Михајло Миленкоски, Дарко Карбески и Наталија Ристеска. Режисерот Василески,...

Најавен прекин на електрична енергија во повеќе села во општина Долнени

Регионалниот центар за управување со кризи известува по информација од ЕВН – Македонија дека поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа на 06.12.2024 год. ( петок ) без напојување со електрична енергија ќе останат следните корисници на Општина Долнени од 09.30 ч. до 16.00 часот : с. Дебреште, с. Јекреново,...

Македонската гајда впишана во Репрезенатативната листа на УНЕСКО

Културното добро „Традиционална изработка и свирење на гајда“ од денеска е впишано на Репрезентативната листа на УНЕСКО за нематеријално културно наследство на човештвото. Мултинационалната номинација, поднесена од РС Македонија и Турција, беше разгледана и усвоена на денешната сесија на 19. СОМ на Меѓувладиниот комитет на УНЕСКО за заштита на нематеријалното...

Силјаноска Давкова: Институтот за тутун е илјадници страници долга и недопишана приказна за тутунот

Научниот институт за тутун – Прилеп е најстара научна институција во Македонија, една од најстарите на Балканот, а која денес е дел од Универзитетот “Св. Климент Охридски” – Битола. Од формирањето како опитна станица во далечната 1924 година, 100-годишното постоење на оваа научна институција ја карактеризира постојан развој во: научно-истражувачката,...

Кaко да се заштитиме од лажните информации?

На 2 и 3 декември во хотелот Гардениа во Велес се случи втората обука за новинари во рамки на проектот ,,Подготвени со интегритет за унапредување на одговорното споделување информации и отпорност во информацискиот простор“ Извршната директорка на Естима (estima.mk) Ана Крстиновска, објасни дека обуката е наменета за млади новинари и...

(ВИДЕО)Антикорупциски караван во Прилеп – за граѓаните да земат директно учество во борбата против корупција

Антикорупцискиот караван по Битола денеска продолжи во Прилеп на платото кај Градскиот саат со претставување на можностите како граѓаните да земат учество со нивните реакции и пријави за корупција.   Во рамките на проектот „Граѓаните против корупцијата“ развиена е апликација „Реагирај“  која што им овозможува на граѓаните директно да се...

В петок ќе биде отворена ретроспективна изложба на Васил Костов

Ретроспективна изложба на дел од творештвото на  ликовниот уметник Васил Костов,  со наслов „Сеќавање“ ќе биде отворена в петок од 18.00 часот во Ликовната галерија на Центарот за култура „Марко Цепенков“.  Изложбата ќе ја отвори историчарката на уметност Елена Чагороска. Последните години од животот Васил Костов ги посветува на непополнети...

Филмот „Ескорт“ утревечер во Кино Мис Стон

Долгометражниот игран филм „Ес­ко­рт“ на наградуваниот хрватски режисер Лукас Нола, утревечер (четврток) од 19.00 часот ќе биде прикажан во Кино Мис Стон во Прилеп. Светската премиера на „Ескорт“ се случи минатата година на седумдесетотот издание на Пулскиот филмски фестивал во Хрватска. На фестивалот, филмот ја доби наградата „златна арена“ за...

(ВИДЕО)Потребен е Групен дом со 24-часовна поддршка за лицата со попреченост во Прилеп

Деца, родители, граѓани поддржувачи, сограѓани креатори на локални и државни политики за подобрување на животот на лицата со попреченост беа дел од традиционалниот настан по повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост – 3 ти Декември. Едногласна е пораката и од овогодинешното одбележување дека локалната заедница помага, донира, но треба...

Петиција за итно обезбедување квалитетни инсулински пумпи и сензори !

Сојузот на здруженија на лица со дијабет бара сензори за сите на кои им е неопходна добра контрола на гликозата во крвта и квалитетни инсулински пумпи: https://www.onlinepeticija.com/cgm_5000_3000?fbclid=IwY2xjawG6jvJleHRuA2FlbQIxMQABHTaVV2-8cJ-ZdMC39nKnw_pRuvqZC1TKkGn0IQgLUz2iNF2N7XEiM-1kFQ_aem_Ehc2laN1N2pKhafUL-Eh_Q https://www.ipetitions.com/petition/obezbeduvae-5000?utm_source=facebook&utm_medium=social&utm_campaign=&quote_id=quote5&title_id=title1&recruiter=21236488&loc=view-petition