Приведени Папазов и двајца екс градоначалници на Кочани

Акцијата за приведување лица за кои постои сомнение за инволвираност ќе трае во текот на ноќта, а повеќе информации обвинителството ќе соопшти по завршување на акцијата во текот на утрешниот ден. Николчо Илиев, Ратко Димитровски и Љупчо Папазов, сите поранешни градоначалници на Општина Кочани, се приведени попладнево, неофицијално велат за Курир полициски извори. Од Обвиннителството

Началници и инспектори допринеле за ужасната трагедија во Кочани преку изготвување на незаконски документи

Денешната отворена постапка против седум полициски службеници е дека помогнале дискотеката „Пулс“ да добие активна лиценца, а немала исполнета основни услови. Ова го соопшти министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски за причините поради кои дојде до големата трагедија во Кочани. Меѓу нив има главен инспектор за сообраќајни работи при СВР Штип и самостоен инспектор кои

Советот на Општина Кочани го одржа продолжението на 61. седница

На продолжението на 61. вонредна седница што Советот на Општина Кочани го одржа денеска, беше донесен заклучок за задолжување на КЈП „Водовод“ в четврток, 20 март 2025 година да не организира пазарен ден, поради трагичниот настан од 16 март 2025 година. Советот донесе одлука со која се одобрува користење финансиски средства во износ од 3

Отворена книга на спомени за покојните ученици од СОУ „Љупчо Сантов“

Средното општинско училиште „Љупчо Сантов“ одржа комеморативен настан за трите ученички кои трагично ги загубија своите животи во пожарот на 16 март, во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Во книгата на спомените и на ѕидни паноа се оставаа пораки во знак на сеќавање за прекинатата младост на Сара Јорданова, Надица Наунова и Сара Алексова. Комеморативно обраќање

Општата болница – Кочани од денеска спроведува психолошка и психијатриска поддршка

Општа болница со проширена дејност Кочани во соработка со Клиника психијатрија организира тим на психијатри и психолози од ЈЗУ ОБ Кочани и ЈЗУ Клиника психијатрија за психолошка и психијатарска подршка на семејствата и блиските на настраданите која ќе биде во служба 24/ 7, почнувајќи од денеска. Прегледите од 8 до 16 часот ќе се вршат

Комеморација во СОУ „Гошо Викентиев“

Утрово во СОУ „Гошо Викентиев“ се одржа комеморација, собир во спомен на жртвите од трагедијата, двајцата ученици од втора и трета година Леонид Велков и Димитар Иванов. Молк во училишниот двор, учениците и професорите се потпишуваа во книгата на жалоста и палеа свеќи за последен поздрав и покој на нивните души на настраданите сооученици, другарчиња

Над 500 бугарски граѓани даруваа крв за повредените од несреќата во Кочани

Вкупно над 500 бугарски граѓани дарувале крв за повредените во трагичниот инцидент во кочанската дискотека, соопштија дел од бугарските медиуми, како информација добиена од Црвениот крст на Бугарија. Дарувањето на крв се врши во Универзитетската болница за активно лекување и ургентна медицина „Пирогов“, Воено-медицинската академија (ВМА) и Националниот центар за трансфузиона хематологија во Софија. Во

МВР: Активна забрана за дронови во Кочани и Штип

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните и сите корисници на воздухоплови без екипаж (дронови) дека од страна на Агенцијата за цивилно воздухопловство е поставена забрана за вршење на било какви операции со воздухоплови без екипаж (дронови) на територијата на градовите Кочани и Штип. Неовластеното, некоординирано оперирање на овие воздухоплови не само што го загрозува

Митева: Само 22 важечки лиценци на цела држава, ДПИ со забрана за вршење должност на сите субјекти без важечка лиценца

Ветивме борба со криминалот, ветивме истрага на сите актуелни состојби. Сакам да ја информирам јавноста за преземените активности на надлежните институции по завршување на денешната владина седница, а кои се однесуваат на две точки: Првата е на преземените активности од страна на Државниот пазарен инспекторат и втората во однос на информацијата за состојбата за сместувањето

Тошковски: Промена на раководството на СВР Штип и ОВР Кочани со цел обезбедување ефикасна и непристрасна истрага

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во изјава за медиумите изјави дека со цел обезбедување на ефикасна и независна истрага за трагичниот настан во дискотеката „Пулс“ во Кочани е донесена одлука за разрешување на раководните лица на локалната полиција во ОВР Кочани и СВР Штип и нивна замена со полициски службеници од Скопје. „Ваквата

Погребот на загинатите во трагедијата во Кочани ќе биде во четврток

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, на прес-конференција соопшти дека погребот на 59-те загинати во Кочани ќе биде во четврток, 20 март, а точното време ќе биде објавено дополнително. „На погребот ќе присуствува поглаварот на Македонската православна црква, г.г Стефан, ќе има и неколку владици од Синодот. Црквата прави се за овие чеда да бидат испратени