ТППЕ и ДПД – Кочани го прославија Денот на пожарникарите

Денеска, во кругот на ТППЕ – Кочани, пожарникарите го одбележаа 20-ти мај, Денот на пожарникарите. В.д градоначалникот Крстевски им се заблагодари на кочанските пожарникари и пожарникарите доброволци  за професионалноста, посветеноста и пожртвуваноста што ја покажуваат при вршењето на својата работа, за заштита на безбедноста на граѓаните. Наградата за Најдобар пожарникар во 2024 година му припадна

Младиот талент од Кочани, Владимир Грчев го освои златниот медал на 29. Македонска јуниорска математичка олимпијада

Младиот талент од Кочани, Владимир Грчев, повторно блесна и ни покажа што значи вистински успех! На 29. Македонска јуниорска математичка олимпијада (ЈММО), што се одржа на 18 мај на Природно-математичкиот факултет (ПМФ) во Скопје, при што тој го освои златен медал, со што, уште еднаш потврди дека неговото име е синоним за знаење и посветеност.

Општина Зрновци решава децениски проблем за водоснабдување за граѓаните. Утре и задутре во с. Зрновци дел од домакинствата ќе имаат прекин во водоснабдувањето

Локалната самоуправа на општина Зрновци започна со реализација на проект „Реконструкција на главен доводен цевковод на водоснабдителен систем за домаќинствата“. Проект што е од витално значење за сите домакинства во општината, кој се смета за еден од најсложените за изведба во делот на комуналната структура, имајќи ги в предвид конфигурацијата и пристапноста на теренот. За

Општина Зрновци решава децениски проблем за водоснабдување за граѓаните. Утре и задутре во с. Зрновци дел од домакинствата ќе имаат прекин во водоснабдувањето

Локалната самоуправа на општина Зрновци започна со реализација на проект „Реконструкција на главен доводен цевковод на водоснабдителен систем за домаќинствата“. Проект што е од витално значење за сите домакинства во општината, кој се смета за еден од најсложените за изведба во делот на комуналната структура, имајќи ги в предвид конфигурацијата и пристапноста на теренот. За

По 43 години, дали конечно ќе се реновира кочанската болница ? – Специјалистите започнуваат со проценка на повредените

По речиси половина век запоставеност, болницата во Кочани конечно ќе добие реновирање – најави Министерството за здравство. Истовремено, од утре започнува детална проценка на сите повредени во трагедијата што се случи на 16 март, кога животите ги загубија 62 лица, а околу 200 беа повредени. Стручни тимови ќе проценуваат потреби за понатамошен третман Тим од

Започна реконструкцијата на главниот доводен цевковод во општина Зрновци

Локалната самоуправа на општина Зрновци започна со реализација на значаен инфраструктурен проект – „Реконструкција на главен доводен цевковод на водоснабдителен систем за домаќинствата“. Станува збор за проект од витално значење за сите жители, кој претставува еден од најсложените за изведба во делот на комуналната инфраструктура, имајќи ја предвид конфигурацијата и пристапноста на теренот. Во рамките

Едукација за поголема безбедност на младите во сообраќајот

Општина Кочани, Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата – Кочани и МВР ОВР ПС Кочани одржаа едукативни предавања во двете средни училиште во Кочани како дел од кампањата за поголема безбедност на младите во сообраќајот – посветена на матурантите. Во рамките на предавањата, преку мултимедијална презентација, учениците матуранти од СОУ „Гошо Викентиев“ и

Словенечкиот амбасадор Пескор на средба со в. д. градоначалникот на Кочани Крстевски

Вршителот на должноста градоначалник на Општина Кочани Венко Крстевски денеска го прими во официјална посета словенечкиот амбасадор Грегор Пескор. Крстевски изрази голема благодарност за лекувањето во Словенија на повредените лица во неодамнешната трагедија, како и за сета досегашна поддршка на Кочани, истакнувајќи дека Република Словенија е наш репер во многу области на дејствување. Амбасадорот Пескор

По пауза од десет години „Open Fun Football Schools“ повторно во Кочани

По десет години пауза повторно ќе се организира Отворената забавна фудбалска школа што се реализира во рамки на проектот Open Fun Football Schools. Во Кочани ќе се одржи во петок на 23 мај со почеток во 10 часот на стадионот Никола Мантов. Денеска во ОУ „Никола Карев“ се одржа состанок меѓу директорките на училиштата и

Дооел Рики Јуниор има потреба од комерцијалист/ка

Дооел Рики Јуниор има потреба од комерцијалист/ка Кандитатите задолжително да поседуваат возачка дозвола Плата редовна и солидна, повисока од македонскиот стандард Предност ќе имат оние кандидати кои досега се имаат стекнато со работно искуство во оваа област Контакт телефон: 078/201-166