Жителите на улицата „Марко Цепенков“ во Кочани, долги години се соочуваат со проблемот – неограден канал, при што стравуваат за безбедноста на своите деца и внуци дека може да пропадната во истиот. Јордан Иванов за Радио Кочани вели дека реагирал многу пати кај сите надлежни институции, но од никого, до сега соодветна реакција немало. Иванов
Согласно Програмата за спроведување општи мерки за заштита на населението од заразни болести на подрачјето на Општина Кочани за 2024 година и врз основа на договорот кој Општина Кочани го склучи со носителот на набавката „Лиса ком МС“, од Кавадарци, во петокот, на 8 ноември е спроведена втората фаза од општата дератизација во Кочани. Во координација со Општина
Изложба на карикатури насловена „ Кој прв започна“ од Фестивалот за хумор и сатира „Ин Виница Веритас“ е закажана за денеска ( среда, 13.11.2024 год.) во 18 часот во Салон 2, информираат од ЦК „Бели мугри“
Со асфалтирањето на вториот дел од улицата „Илинденска“, заврши рехабилитацијата на 400 метри од оваа сообраќајница во централното градско подрачје на Кочани. Според стручните служби рехабилитацијата опфати и изградба на потпорен ѕид и на сливници за атмосферската вода. Работите ги изведе градежната фирма „Стоименов“ од Кочани. Средствата во висина од 1 милион и 500 илјади денари
Ако скенирате фискални, проверете ги сметките. Од денеска започна исплатата на Мој ДДВ за третото тримесечје од годинава, па на сметките на дел од граѓаните легнаа парите од ДДВ. Највисоката сума која може да се добие по овој основ, е 2.100 денари. Како што беше практиката и досега, се очекува парите за сите оние кои
Тренд менс и вуманс фешн. Бутик за женска и класична машка гардероба. Голем избор на машки класични фармерки, блузи, џемпери, капути, кошули, сакоа и одела за секакви свечености. За големини не берете гајле. Има од најмала па се до батал големина. Од женската линија на асортиман располага со свечени фустани, фармерки, панталони, сакоа костими, капути,
Преработка на дрво и меѓународен транспорт „Би груп 18“ Водечка компанија за градежни материјали и услуги со над 20 годишно искуство.. Располагаме со високо квалитетни производи: пелети, палети, дрво и изолациони материјали. Секогаш подготвени да помогнеме со совет и поддршка, создаваме доверба, иновации, одржливост и квалитет. Контактирајте не на меил bigrup18@yahoo.com, или на телефон 075
Двајца борачи на „Спартак“, се искачија на победничкиот пиедестал на Меѓународниот турнир „Штипски боречки асови“ што викендов се одржа во Штип во организација на БК „Балканец“. Според информацијата што ја добивме од клубот од Кочани, Јован Илиев, го освои второто место во категоријата до 54 килограми , а Даријан Павлев во категоријата до 64 килограми.
Филип Стојанов, каратист на „Партизан“ од Кочани, го освои второто место и сребрениот медал во кумите (борби) за натпреварувачи до 21 година на Балканското првенство во карате што се одржа викендов во Сараево, Босна и Херцеговина. Во екипна конкуренција, кумите – јуниори, пак, како дел од состав на репрезентацијата на Македонија, Стојанов дојде до третото
Грин орг со барање до Општините за писмена гаранција и склучување на договор за управување со депонијата Во изминатиов период видовме дека граѓаните покажаа дека сепак може да се издржат дури и вонредни временски услови. За жал сеуште не видовме никаков одговор од страна на Влада на РсМ или министерство за животна средина. Барањата кои
Во светот на уметноста, ретко кој занает останува толку близок до природата како резбарењето. Оваа уникатна уметност, комбинирајќи вековни техники и современа креативност, ги трансформира дрвените површини во вистински ремек-дела. Мајсторот Боро Јаневски од Пробиштип, со својата посветеност и прецизност, успева да го оживее дрвото, креирајќи фигури, орнаменти и приказни кои пленат со својата убавина
Според Меморандумот за соработка што Општина Кочани го потпиша со Фондацијата за развој на локалната заедница од Штип, во тек е реализација на проектот за уредување на паркот во месноста Бавчалук. Проектот опфаќа целосно обновување на содржините во Спортско-рекреативниот центар: асфалтирање на терените за мал фудбал и кошарка, обновување на подлогите, замена на таблите и на