Жена тепана од двајца мажи во Кочани

Вчера околу 19:00 часот, 30-годишна жена од Кочани била физички нападната во својот семеен дом од лицата С.С. и Л.С. Жената пријавила дека напаѓачите ѝ нанеле телесни повреди. Полицијата од полициската станица Кочани веднаш ја примила пријавата и презела мерки за расчистување на случајот.

Зрновци – Во 10:30 часот традиционалното потопување на Светиот Крст во водите на река Зрновка….

По повод Христијанскиот православен празник Богојавление-Водици утре на 19.01.2025 година, со почеток во 08:00 часот во Храмот „Св. вмч. Димитрија“- Зрновци од страна на Отец Лазар Коцев ќе се одржи божествена литургија, по која во 10:30 часот ќе се одржи традиционалното чествување на празникот со потопување на Светиот Крст во водите на река Зрновка.

Кочанските основни и средни училишта – подготвени ќе го почнат второто полугодие од учебната 2024-2025 година

По тринеделниот зимски распуст, основците и средношколците, в понеделник, 20 јануари се враќаат во училишните клупи за да го продолжат второто полугодие од учебната 2024-2025година. Кочанските училишта во текот на одморот ја направија потребната дезинфекција и дератизација во училниците, холовите и спортските сали. Учениците во средното образование, односно учениците од завршните години на средното образование

Поради сообраќајна несреќа во прекин сообраќајот на патот Кочани – Виница

Од 13:30 часот во прекин е сообраќајот на патниот правец Кочани – Виница, кај хотел „Филипов“. Како што соопшти АМСМ, сообраќајот е во прекин во двата правци поради сообраќајна несреќа. Од МВР информираа дека во несреќата нема загинати или повредени. Причинета е материјална штета.

Пакети храна за жители од селото Полаки

  Поради високата снежна покривка на Осоговските Планини, шестмина жители на Полаки останале завеани во своите домови во месноста Рамно Брдо, на 20 км од Кочани.   По пријавата дека останале без храна, Општина Кочани со поддршка од Општинската организација на Црвен крст, а во соработка со Територијалната противпожарна единица – Кочани и со Центарот

ЗА 2 ДЕНАРА ПОСКАПЕ ДИЗЕЛОТ Цената на бензините не се менува

Малопродажната цена на дизелот од полноќ  се зголемува за 2,00 денара по литар, а цените на бензините, како и на екстра лесното масло за домаќинство не се менуваат, одлучи Регулаторната комисија за енергетика. Новата цена на дизелот од полноќ ќе изнесува 75,50 денари за литар. За 1,051 денари поскапува и Мазутот и еден килограм ќе

В недела, 19 јануари во 12 часот потопување на светиот крст и освета на водите на Кочанска река…

В недела, 19 јануари во 12 часот на мостот кај Паркот на Револуцијата во 12 часот, Митрополитот Брегалнички г. Иларион со сослужение на свештеници од храмот „ Свети Великомаченик Георгиј“, ќе го извршат чинот на потопување на светиот крст и освета на водите на Кочанска река по повод празникот Богојавление-Водици. Пред одржување на чинот на

Градоначалникот на Општина Виница го посети првороденото бебе во 2025

Во Виница денеска беше одбележена радосната вест за првото новородено дете во 2025 година. Малиот Семин Салиов е првиот жител на општината за новата година, а неговото раѓање е причина за голема радост и празнична атмосфера во семејството и за локалната заедница. Роден на 1 јануари 2025 година во 10:45 часот на Акушерското одделение во

Изгубен е нов мобилен телефон Ајфон 15…

Изгубен е нов мобилен телефон Ајфон 15, црна боја. За чесниот наоѓач следува награда од 100 евра. Контакт телефон: 076/ 451 – 424

Трипуновски: Министерството им излезе во пресрет на оризопроизводителите со дополнителна мерка

„Денеска одржав состанок со оризопроизводителите од кочанскиот регион на кој што присуствуваа и дел од откупувачите на ориз кои што се во Регистарот на Министерството. Разговаравме за актуелната состојба односно решавање на овој проблем кој што го наследивме од претходните години, кој што бил наталожен“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски. „Тука

Заглавеното лице во снежни наноси во кочанско, обезбедено со основни средства…

РЦУК Штип, известува дека во врска со вчерашниот настан каде жител на село Полаки – Кочанско бараше евакуација од страна на надлежните служби известени сме дека и денес е стапено во контакт со истото лице, и дека не е потребна евакуација бидејќи истото е обезбедено со основни средства и патот до село Полаки е прооден.

Општина Зрновци објави електронско јавно наддавање за отуѓување на градежно земјиште…

Во изминатиот период, стручната служба на општина Зрновци, интензивно работеше на уредување на градежното земјиште, што претставува клучен сегмент за урбанистичкиот развој на локалните самоуправи. Како резултат на оваа работа, Локалната самоуправа на  Зрновци објави “ОБЈАВА бр. 1 за 2025 година”, која се однесува на отуѓување на градежно земјиште, сопственост на Република Македонија, по пат