Тимот на Доброволна планинска спасителска служба „Осогово“ , во соработка со Дирекцијата за заштита и спасување и Полициската станица Кочани, успешно извлекоа 6 лица кои биле завеани во село Рајчани. Спасувачката акција беше извршена по итен повик за помош што утрово бил пријавен од страна на загрозените. По извлекувањето, малолетните лица биле безбедно предадени
Снежното невреме од југозапад забрзано ја зафати целата територија на Македонија, па така во следните речиси 48 часа ќе има обилни врнежи од снег насекаде во Македонија, проследени со повремено засилен ветер од северен правец, кој ќе услови многу ладно време, голомразица, како и појава на снежни наноси. Се очекува насекаде да се формира снежна
Ексклузив Конзервна индустрија има потреба од: Одржувач со основни познавања на механика и електрика. Компанијата нуди работа во една смена, редовна исплата, бонус за редовност, обезбеден транспорт. Сите заинтересирани можат да се јават на телефонскиот број: 071329727 или во просториите на фирмата.
Општина Кочани во соработка со Асоцијацијата на новинари – Кочани и годинава ја организира манифестацијата Избор на спортист за 2024 година. На манифестацијата ќе се изберат: најдобар спортист за 2024 година; најдобар млад надежен спортист ; најдобра спортска екипа; најдобар спортски тренер; најдобар спортски работник. Право на учество во изборот имаат сите спортисти, екипи и спортски работници
Жителите на Зрновци го дочекаа првото новороденче во 2025 година. На акушерското одделение при Општата болница со проширена дејност во Кочани се роди здраво машко бебе, како четврта рожба во семејството на Еми и Моне Ивановски, кои веќе имаат три деца. Градоначалникот на Зрновци, Борчо Коцев, денеска ги посети новороденчето и мајката во болницата, им
На 08.01.2025 во 12.00 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на 07.01.2025 околу 15.30 часот на ул.„Кирил и Методиј“ во Кочани биле пронајдени затруени едно куче и една мачка со сопственици. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Кирил Ковачев, дипломиран економист, ќе биде новиот В.Д директор на КЈП „Водовод“. Тој доѓа на местото на досегашната директорка Кристина Финдачка, а решението за негово назначување го потпиша градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов. Досега функцијата В.Д директор на КЈП „Водовод“ ја извршуваа Иван Иванов (од декември 2021 до јули 2022 година) потоа, Антонијо Паунов
СПОРТИСИМО вработува лице за продажба во своите продавници за спортска опрема во Кочани. Заинтересираните можат да се пријават во еднa двете продавници во градот, каде ќе ги добијат сите потребни информации….
Репрезентативниот стопер Јован Манев ќе го засили тимот на Ријека и ќе биде најавен како големо засилување во одбраната на оваа екипа која е лидер во шампионатот на Хрватска и тим кој се надева дека оваа сезона ќе успее да ја освои круната пред Хајдук и Динамо. Манев во наредните два-три дена ќе го комплетира
Денес на овој голем христијански празник во с.Спанчево над 120 дечиња го најавија Христовото раѓање со пеење на Вечниот Бог. Поворката започна од црквата св.Архангел Михаил и се упати до главниот влез на селото (кај кружниот тек), каде што дечињата беа пречекани и им беа поделени Библии за млади од свештеникот Стојанчо Јанев, подарок добија
Честит Бадник, и за многу години! Голем број на православни верници излегоа на улиците во Облешево да ја поздрават Бадниковата поворка ,која годинава за првпат во организација на ООУ Климент Охридски Облешево и свештениците од МПЦ поминаа, и со пеење на песната Вечниот Бог од грлата на дечињата пренесе пораки за мир и соживот во
Дечињата денес создадоа празнична атмосфера и расположение низ улиците во Грдовци најавувајќи го со песната “Вечниот Бог” утрешниот празник Божиќ, денот на Христовото раѓање. Поворката во која учествуваа околу 60тина деца, тргна од Црквата Света Троица, се движеа низ улиците низ селото и заврши во црквата каде им беа поделени пакетчиња. Ги имаше од сите