Православните христијани денеска го слават празникот Цветници познат уште и како Цветоносна недела и Врбица. Овој празник ја одбележува последната недела пред почетокот на Исусовите страдања, смртта и Воскресението. Цветници се празнува ден по Лазарева сабота – чудесното воскресение на четиридневно упокоениот Лазар извршено од Исус Христос, шестата недела од Великиот пост, една недела пред
Почитувани, како член на Совет на Општина Кочани ви доставувам предлог за кандидат за В.Д. Градоначалник на Општина Кочани преку самокандидатура и затоа барам точката на Дневен ред на седницата на Совет да биде изменета и дополнета: 1. Предлог – за избор на Венко Крстевски за вршител на должноста Градоначалник на Општина Кочани Барам точката да биде
МВР во координација со Основното јавно обвинителство Кочани денеска ја проширија истрагата во врска со пожарот во кочанската дискотека на нови 19 лица. Сите тие се осомничени за Тешки дела против општата сигурност од член 292 во врска со член 288 од Кривичниот законик. Станува збор за службени лица, кои во периодот од 2012 година
НУ ЦК „ Бели мугри“ организира хуманитарно – продажна изложба за обезбедување помош на засегнатите од пожарот во Кочани, со учество на локални ликовни и книжевни автори со донирање на нивни дела. Свои дела можат да донираат автори од целата држава. Делата треба да се достават во ЦК „Бели мугри“ во Кочани. Хуманитарно – продажната
Точно 41 260 денари се собрани од посетителите на предавањето на д-р Жарко Костиќ што се одржа на 10 април во ЦК „Бели мугри“ во Кочани. Костиќ ја наполни големата сала во кочанската Националната установа зборувајќи за тоа како граѓаните да се справат со негативните емоции и болка. Неговот присуство во „Бели мугри“ имаше хуманитарен
Лазарева сабота или Врбица, е важен ден во православниот христијански календар и се одбележува секогаш во саботата пред Цветници, односно една недела пред Велигден. Се празнува воскресението на светиот Лазар, пријателот на Исус Христос, кој бил мртов четири дена и кого Христос го воскреснал. Овој настан претставува најава на Христовото воскресение и симбол на победата над смртта. Значење и
Центар за италијански јазик „Феличи“ – Кочани уписи за почетен курс по италијански јазик индивидуални часови стандардни курсеви за деца и возрасни преводи на секаков вид документација Надградете го вашето знаење со нов странски јазик. Научете го најмелодичниот јазик, ако планирате да ја посетите Италија на забавен и ефикасен начин. Подетално информирајте се на: 076/206-216
Вкупно 59.681 даночни обврзници веќе поднеле МПИН пресметки за месец март. Од нив, 30.090 даночни обврзници веќе ги платиле МПИН пресметките за исплата на мартовската плата. До крајниот законски рок – утре, четврток до полноќ, се очекува уште 5.000 даночни обврзници да поднесат пресметки за плата за месец март. Управата за јавни приходи е во
Независниот советник во општина кочани, Венко Крстевски преку објава на фејсбук соопшти дека ќе се пријави за в.д градоначалник на општината. Според него, советниците од владејачката партија немаат дадено ниту еден предлог за градоначалник па затоа, како што вели, храбро одлучил да ја преземе улогата. „Свесен сум дека јас сум само еден независен советник во советот
Основното јавно обвинителство Кочани денеска до Основниот суд во Кочани достави предлози за продолжување на мерките за обезбедување – притвор и куќен притвор за сите осомничени во истрагата за пожарот во кочанската дискотека. Само за тројца од осомничените, поради фазата на прибирање докази и исполнетост на законските услови, се предлага замена на мерката притвор со
ДПД Кочани водено од актуелната ситуација која ни го донесе најтешкиот предизвик од своето постоење го започнува најголемиот проект. Носител на овој многу важен проект е нашиот докажан пријател, народот на Германија преку амбасадата на Германија во Скопје. Уште по првите денови по трагедијата тие ни подадоа рака за поддршка, како со зборови, така и