БУЏЕТ 2026 – Инвестиции за посилна и побезбедна Македонска Каменица

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk
Со одговорно планирање и јасна визија за иднината, Буџетот на Општина Македонска Каменица за 2026 година е насочен кон унапредување на квалитетот на живот, подобра инфраструктура и сигурност за сите наши сограѓани.
Во 2026 година планираме значајни инвестиции во клучни области:
-Набавка на патничко и теренско возило и ПП возило за потребите на Територијалната противпожарна едница Македонска Каменица – 3.000.000,00+10.000.000,00 денари;
-Бетонски работи, партерно уредување, урбана опрема и уредување на градежно земјиште – 10.000.000,00 денари;
-Изработка на стратешки документи за локален економски развој – 600.000,00 денари;
-Реконструкција на Здравниот дом во Македонска Каменица – 14.000.000,00 денари;
-Изготвување на проекти за нова велосипедска патека околу Калиманско езеро, сообраќајни проекти, проекти за улично осветлување и проекти за улици и патишта – 3.800.000,00 денари;
-Изградба и реконструкција на нови улици и патишта – 20.000.000,00 денари;
-Финансиски средства за реконструкција на веќе започнатите улици и патишта (реконструкција на дел од локален пат во с.Костин дол, изградба на ул.Ковачевска во М.Каменица, изградба на пристапен пат во с.Луковица, маала Шатки, изградба на пристапен пат во с.Тодоровци, маала Ридо,
изградба на пристапен пат во с.Костин дол, маала Папурица);
-Изградба на системи за водовод – 5.000.000,00 денари;
-Изградба на канализациони системи – 5.000.000,00 денари;
-Изградба на нови детски игралишта – 9.500.000,00 денари;
-Реновирање на 4 тоалети во детската градинка Бамби – 1.000.000,00 денари;
-Реновирање на системот за парно греење како и набавка на нов котел и пумпа за греење на Дневниот центар;
-Развојни проекти кои се вклучени во Развојните програми за 2026 година:
-Изградба на нова административна зграда на општина Македонска Каменица – 33.000.000,00 денари;
-Изградба на фекална канализација за дел од с.Тодоровци – 3.500.000,00 денари;
Буџетот за 2026 година е одраз на нашата посветеност кон рамномерен развој, подобри услови за живот и сигурна иднина за Македонска Каменица.
Продолжуваме одговорно, транспарентно и со јасна цел – Општина по мерка на граѓаните.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Во Кочани денес е отворена канцеларија на пратеник од ЗНАМ

Во Кочани денес е отворена канцеларија на пратеникот од ЗНАМ,Павле Арсоски. Одлуката јас како пратеник на ЗНАМ од ИЕ-3 да ставам во функција пратеничка канцеларија токму тука, во Кочани, беше донесена после сериозна промисла, емпатија, родителска и човечка грижа за добробит на граѓаните од Истокот.   Особено на граѓаните на Кочани на кои им е

Маж од Кочани украл „југо“, полицијата го пронајде

Маж од Кочани украл „југо“ , но полицијата го пронашла и вратила на сопственикот.   На 29.12.2025 во 11:00 часот на ул.„9 Мај“ во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишија од слобода Т.В.(50) од Кочани поради сомнение дека стореил кривично дело „одземање моторно возило“, односно дека одзел патничко возило „југо“ сопственост на К.Ѓ.

Се продава дуплекс стан од 74 м² со подрум од 9 м² во самиот центар на градот….

Се продава дуплекс стан од 74 м² со подрум од 9 м², лоциран во самиот центар на градот, во зградата на катастарот.Станот е целосно реновиран и е во одлична состојба.Се продава со мебел и апарати или празен, според договор.Цена по договор, на лице место 078/273-015