„Божиновска во посета на рудникот САСА – Приоритет се одржливи рударски практики и безбедност на рударите“

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, го посети рудникот САСА, најголемиот подземен рудник за олово и цинк во Македонија, кој произведува приближно 800.000 тони руда годишно. На средбата со претставниците на менаџерскиот тим на Рудник САСА, министерката Божиновска се запозна со работењето на САСА, со инвестициите во одржлив развој на рудникот и неговото значење и придонес за просперитетот на локалната заедница.

„САСА е важен дел од економската структура на нашата земја. Поддршката за овие проекти е клучна за одржливиот развој и за подобрување на условите за живот на локалната заедница. Како министерка мојата цел е да ги поддржам рударските практики кои се одржливи и безбедни и да ја истакнам важноста на иновациите во рударството. Со поддршка на модерни технологии, да работиме на создавање рударството кое е безбедно и одржливо.“ истакна Божиновска.

Во САСА директно се вработени околу 770 лица, најголем дел жители на локалната заедница. Успешното работење на рудникот Саса во изминатите шест години му овозможи да плати повеќе од 85 милиони долари во форма на даноци, кои се искористени за поддршка на развојот на земјата и подобрување на квалитетот на животот на луѓето.

Генералниот директор на Рудник САСА, Кристофер Колбурн истакна дека во изминатите шест години како дел од Централ Азија Металс, интернационална рударска компанија, вложени се над 80 милиони долари во капитални проекти, современа рударска опрема, дигитализација, подобрување на безбедноста, стандардите и условите за работа во рудникот.

„Оваа посета на министерката Божиновска, која раководи со еден исклучително значаен ресор, за нас во САСА има посебно значење. Таа е дел од вкупната наша комуникација и соработка со институциите на централно и локално ниво, која е неопходна за натамошниот успех на САСА. Целта е да ги реализираме нашите инвестициски планови и проекти за безбедна, еколошки одговорна и стабилна работа на САСА, обезбедувајќи благосостојба за своите вработени и нивните семејства, поддржувајќи ја локалната заедница и придонесувајќи за целокупниот просперитет на земјата“ изјави Колбурн.

За време на посетата министерката ги посети и подземните руднички коридори каде разговараше со рударите за нивните искуства и предизвици. Работниците нагласија дека безбедноста на теренот е приоритет и дека постојано работат на подобрување на условите на работа.

„Рударите се срцето на овој рудник. Нивната безбедност и задоволство од работа се од суштинско значење за успешното функционирање на САСА.“ истакна министерката.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Тешка сообраќајна несреќа во Кочани: возач пренесен на лекување во Скопје

Сообраќајна несреќа се случила вчера во 15:43 часот во Кочани, на улицата „Маршал Тито“. Патничко возило „Фолксваген Голф“ со кочански регистарски ознаки, управувано од 34-годишниот А.П. од село Чешиново, излетало од коловозот. Возачот се здобил со тешки телесни повреди. По укажаната прва помош во Општата болница во Кочани, тој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка

Лажен лекар од Словенија измамил баба од Виница

На 23.01.2026 во 08:50 часот во ОВР Виница, 86-годишна жена од Виница пријави дека била измамена од едно лице за сума од 30.000 евра. Според пријавеното, лицето ја контактирало телефонски, се претставило како лекар од Словенија  и и кажало дека нејзината ќерка, која била на привремена работа во Словенија, се здобила со тешки телесни повреди и

Татко од Кочани си ја нападнал ќерката со тврд предмет – и го одзел мобилниот телефон

На 21.01.2026 во 11:45 часот полициски службеници од СВР Штип го привеле Т.Ј.(44) од Кочани, постапувајќи по претходна пријава дека  на 05.01.2026, во семејниот дом, со употреба на тврд предмет, физички ја нападнал неговата 16-годишна ќерка, при што и го одзел мобилниот телефон. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.