Во 19 часот затворени се избирачките места на кои граѓаните денеска можеа да гласаат на oсмите локални избори, а четврти на кои избираат градоначалници и советнички листи во 80 општини и Градот Скопје.
По затворањето на избирачките места ќе можат да гласаат само лицата кои во тој момент се затекнале во објектот каде што се гласа, вели Валентин Божиноски, претседател на Општинската изборна комисија Прилеп:
– До 18 и 30 часот со обработени 120 избирачки места, излезеноста е 45,54 % што би значело во гласови 24 478 гласачи, а имаме за обработка уште 24 избирачки одбори. Текот на изборите беше одличен до овој момент имавме само 6 приговори каде што донесоа барање за приговори, ДИК ги прифати и на гласачите му беше овозможено да гласаат. За резултатите избирачките одбори затвораат во 19 часот, очекуваме по 19 часот да ни ги носат конечните записници со изброени гласачки ливчиња. Во пракса би завршиле 4 до 5 часот наутро кога ќе го имаме конечниот резултат,
рече Божиноски