Близу 8 милиони евра за Прилеп од вториот повик за инфрстурктурни проекти на Владата

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Близу  8 милиони евра за реализација за инфраструктурните проекти, доби Општина Прилеп  од вториот Јавен повик за финанасирање на инфраструктурни проекти од Инструментот за капитални инвестиции на Владата.

Општината аплицираше за: реконструкција на дел од плоштадот „Методија Андонов – Ченто“, изградба на мост на ул. „Победа“, реконструкција на ул. „Орде Чопела“, комплетна реконструкција на ул. „Трајко Николоски“, вклучително и електроинсталации, за изградба на нови детски игралишта во центарот на градот и Типски населбата во Прилеп, изграба на водовод за с. Лениште, реконструкција на цевководот кон Индустриската зона и манастирот во с. Селце, поставување на фотонапонска централа на Пречистителната станица, за SCADA интеграција со ГИС системот, за замена на дотраената водоводна мрежа на потегот од јазолот на бул. „Гоце Делчев„  со ул. „Кузман Јосифоски“ до ул. „Ленин“ – фаза хидротехника, за почист животна средина со поставување на полуподземни контејнери на 21 локации низ градот и за реконструкција на фасада на ООУ Рампо Левката.

„Ова значи официјален почеток на нова развојна фаза за нашиот град! Овие инвестиции се директен одговор на реалните потреби на граѓаните и продолжение на нашата посветена работа за подобрување на квалитетот на живот на граѓание,- напиша градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески на својата фејсбук страна.

Минатата, 2024 година во рамки на првиот јавен повик од Инструментот за капитални инвестиции на Владата во септември, Општина Прилеп доби  3 милиони евра за: изградба на кружен тек кај мостот „Табана“, изградба на дел од улицата „Победа“ и за реконструкција на водоводот во Карабдалица.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Прилеп на домашен терен го совлада Тиквеш

Вечерва, ракометарите на РК Победа во второто коло од пролетниот ден од сезоната во Супер ракометната машка лига, извојуваа победа над РК Тиквеш 2014 со 33:26. Ова беше првиот настап на прилепските ракометари пред домашната публика во вториот дел од првенството,  па ракометарите покажаа  борбеност, динамична и ефективна игра во...

Прилеп добива Центар за E-услуги

Прилеп добива Центар за услуги на Министерството за дигитална трансформација, преку кој граѓаните без да требат да отворат сопствен профил  и без да знаат за дигиталните алатките, ќе  можат да ги користат услугите со помош на вработените од оваа канцеларија. Тоа значи дека преку физичко присуство можат да добијат некоја...

СОВЕТНИЧКАТА ГРУПА НА СДСМ И КОАЛИЦИЈАТА БАРА ВОНРЕДНА СЕДНИЦА НА ОПШТИНСКИОТ СОВЕТ ЗА АКТУЕЛНАТА СОСТОЈБА ВО ФК „ПОБЕДА“

Советничката група на СДСМ и Коалицијата во Советот на Општина Прилеп бара вонредна седница на Советот, иницирана од последните случувања со ФК Победа. Во информацијата до прилепската јавност за потребата од вонредна седница на Советот се вели: