Близначињата на познатиот пејач од Зрновци и неговата сопруга Зорица се првите рожби во Општина Зрновци

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Општина Зрновци ги доби првите рожби за 2026 година

Општина Зрновци со радост ја започнува 2026 година со убави вести. Денес, во 13 часот и 20 минути, во Скопје на свет дојдоа првите рожби поврзани со општината за новата година – близнаците Стефан и Ана.

Гордите родители се познатиот пејач Дуле Зрноивски и неговата сопруга Зорица, кои денес ја доживеаја најголемата животна радост. Мајката и новороденчињата се во добра здравствена состојба, а радоста веќе се споделува меѓу семејството, пријателите и пошироката јавност.

Овие први рожби за 2026 година се симбол на нов почеток, надеж и иднина за Општина Зрновци, носејќи позитивна енергија уште на самиот старт од годината.

Со искрени честитки до семејството, Радио Кочани им посакува на Стефан и Ана да растат живи и здрави, а на родителите многу љубов, радост и среќни моменти.
Да се множат убавините!

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Mиха е првото бебе во 2026 година во Општата болница – Кочани

Неколку часа по полноќ, 7, јануари 2026 година оклу три часот на Одделението за гинекологија и акушерство во Општата болница – Кочани, Виолета Димитровска од  Оризари го роди првото машко бебе, кое ќе го носи името Миха и е втора рожба во семејството Димитровски. Бебето е родено со тежина од 3.500 грама и 53 сантиметри

На Божиќ родено првото бебе во Кочани во 2026 година

Со радосна вест започна 2026 година во Кочани. Утрово,  7 јануари, токму на големиот христијански празник Божиќ, на свет дојде првото бебе во новата година. Станува збор за машко бебе, родено на Акушерското одделение при Општата болница во Кочани. Според информациите од здравствената установа пристигнати до Радио Кочани, и мајката и новороденчето се во добра

Над 500 дечиња со песната „Вечниот Бог“ го највија Христовото раѓање

Со песната „Вечниот Бог“, а во духот на празничната радост и традиција, Кочани го прослави Бадник со голема поворка која започна од храмот „Свети великомаченик Георгиј“. Над 500 дечиња придружувани од нивните родители, баби и дедовци, се движеа со ѕвездички во рака низ централните улици на Кочани, носејќи светлина и топлина за сите притоа најавувајќи