Бизнисот ги чека парите од унгарскиот заем, банкарите ќе подржат продуктивни проекти, исплатат во првиот квартал 2025

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Бизнисот ги чека парите од унгарскиот заем, банкарите уверуваат дека ќе ги поддржат сите продуктивни проекти. Исплата се очекува во првиот квартал од новата година, беше кажано на денешната средба на УО на регионалната стопанска комора-Прилеп.

“Поволните услови на унграскиот кредит треба да го искористи стопанството. Условите се одлични со камата стапка од 1,95%,најидеална каматна стапка од историјата на Македонија. Ќе бидат поддржани сите компании кои имаат добри бизнис планови и се очкува во новата година, нова циркуларна економија, заштита на животна средина, нови вработувања, зголемена продуктивност.Го орабрувам компаниите максимално да аплицираат за овај кредит. Со “унгарскиот кредит“ очекуваме  очекуваме подобрување на економската состојба во Македонија.Тука се и оние 250 милиони капитални инвестиции за општините со кои очекуваме големо раздвижување на стопанството и подобрување на квалитетот на живеење на сие граѓани„-истакна заменик министерот за економија и труд, Марјан Ристески

Од бизнис-секторот соопштуваат дека сè уште не е познато кои се критериуми кои треба да бидат исполнете за да аплицира за “унгарскиот кредит“. Но, се уверени дека со парите ќе се модернизира производствениот процес и ќе се зголеми продуктивноста,

Ова е една од најпозитивни економски идеи од постоењето на нашата земја, заради тоа што се случува во вистинско време кога на компаниите ни’ е неопходна инвеститциона експанзија, за да ги следиме технолошките трендови во светот, особено оние кои сме извозно орентирани, за да останеме во кондиција и конкуретни на пазарот, но и да го продолжиме развојот. Од бизнис аспект поволноста е во грејс периодот на враќање на кредитот. Со тоа Комфи Ангел инвестициите за три години ќе ги стави во една година, со што ќе овозможиме зголемена продуктивност, со што би се влијаело на зголемување и на животниот стандард на нашите вработени .“ рече Ирена Јакимовска, менаџер на компанијата Комфи Ангел.

Банкарите уверуваат дека ќе ги поддржат сите продуктивни бизнис – планови независно од која дејност се, но сеуште ги очекуваат критериумите за тоа „кој се може да аплицира за овој кредит“.

Како банкари го поздаруваме овој прилив на „свежи пари“ кои стопанството ќе ги искористи за предвиделиви инвестициони циклуси. Има интерес кај правните субјекти, но сеуште останува отворено прашање околу прецизирање на правилата “кој се ќе може да ги користи овие кредити“. Генерално за него постои интерес на субјекти од сите гранки, производствени, трговиски , градежни, а исплата се очекува во првиот квартал од новата година.„- посочи Стевчо Димески,  Регионален директор на Стопанска банка АД Скопје .

Стопанствениците од Пелагоискиот регион на заедничката средба во Прилеп,  ја оценија 2024 година како тешка година за стопансиување, поради стагнацијата (кризата)  на германското производство,  војната во Унгарија и на Блискиот Исток, парламентарните избори во Македонија,Претседателските избори во САД,  инфраструктурните градежно – патни зафати во пелагонискиот регион..  но сметаат дека 2025 ќе донесе нови можности и подобар просперитет.

„ Околу 250 евра ќе им бидат добредојдени на стопанството, ќе биде можност за инвестирање во нови технологии, нови знаења . Исто така во 2025 година дополнителен инпакт ќе даде инфраструктурното поврзување, автопатот, бидјеќи како што најави Владата, тоа е некаде околу 2% од БДП“ –  истакна Никола Мариноски, Претседател на Регионалната Стопанска комора – Прилеп.

По потрага на вин-вин ситуација, бизнис заедницта очекува поддршка од Владата за на полг рок за да добијат сите, за животниот стандар на граѓаните да биде значително подобрен.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

(Видео+Фото) Таа со жар ја освојува музичката меѓународна сцена – ново признание за музичкиот бисер Михаела Пурдеска

Таа полека го освојува светот. Гордост е на Прилеп. Нејзината музикалност, дарба и желба за музички дострел, стануваат реалност. Тоа го потврди и забележа и жирито, на музичкиот фестивал за млади во Котор, Црна Гора, кој оваа година се одржува за прва пат.              ...

Вечерва Прилеп почнува да живее со театарската маѓија – започна 60-то јубилејно издание на МТФ „Војдан Чернодрински“

Под мотото “Храбриот нов театар“  и тематика “ Кризата на човекот во опшеството и кризата на опшеството во чеовекот“ , вечерва,  со претставата “Мачкина глава“ од Венко Андоновски, во режија на Дејан Пројковски на Драмски театар од Скопје, започна  60 јубилјено издание на македонскиот театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“. Фестивалот започна...

(ФОТО-ВИДЕО)🌄Природата – инспирација за модна креација🥻Trash Fashion модна ревија во СОУ Ѓорче Петров

На светскиот ден на животната средина, денеска во дворот од СОУ ” Ѓорче Петров” се одржа модната ревија Trash Fashion на тема “Природата – инспирација за модна креација”.  Со овој настан учениците покажаа дека материјалите и облеката кои често ги сметаме за отпад можат да добијат нов живот. Учествуваа 20...