Битолска апелација ја отфрли жалбата на жителите од Оревоец за забрана за ископување камен

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Битолска апелација ја отфрли жалбата на жителите на прилепското село Ореовец, кои бараа судот да му забрани на Бехтел и Енка да минира камен за тампон во атарот на селото.

Законот кој го регулира работењето на американско-турскиот конзорциум кој гради автопати во земјава, бил над сите закони и немало основа за забрана, се вели во образложението на пресудата. Жителите на Ореовец, кој подолг период не дозволуваат механизација да влезе на каменоломот, се разочарани, но не и изненадени од ваквиот расплет на настаните.

Иако Уставен пред еден месец ја одбил иницијативата за укинување на спорните членови од тој закон, тие повторно ја поднеле, но сите надежи ги полагаат на жалбата, која ја испратиле до Меѓународниот суд за човекови права во Стразбур.

Во меѓувреме, поради Бехтел и Енка се менува уште еден закон – оној за странците. Недостигот од работна сила ќе се надополнува со олеснети услови за странски работници. МВР иницира измени, со кои ќе им се дозволува престој на странци кои не направиле кривични дела само во годината пред да аплицираат, полесно ќе им се продолжува престојот, а Агенцијата за вработување повеќе нема да дава мислење, туку таа обрска ќе ја има само полицијата

Проектот за изградба на автопатите од коридорите 8 и 10Д, тежок 1,2 милијарди евра, кој го доби Бехтел и Енка од почетокот го следеа контроверзии, од обвинувања за корупција, до протести поради загадување или експропријација на земјиште.

Пишува 24.мк ОВДЕ

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Започнува пријавувањето за фаќање на Крстот за Водици

Прилепчани се подготвуваат за Водици По повод христијанскиот празник Богојавление (Водици), чинот на Големиот Богојавленски водосвет и фрлањето на светиот Крст во Прилеп  ќе се изврши во водите на базенот при хотелот Салида (Аквапарк), на 19 јануари (недела)  во 12:00 часот. Општина Прилеп е дел од организацијата на овој настан...

Полициски билтен: Прилепчанка нападната од сопругот

На 13.1.2025 во 13.30 часот во ОВР Прилеп 31-годишна прилепчанка пријавила дека во семејниот дом била физички нападната од нејзиниот сопруг. Се преземаат мерки за расчистување на настанот. На 13.1.2025 во 16.00 часот во близина на с. Алинци настанал пожар на работна машина – багер. Пожарот бил изгаснат од страна...

Муабети за театарот, утре во „Марко Цепенков“

Утре (15 јануари, среда) од 18.00 часот во фоајето на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, ќе се одржи промоција на книгата „Современи театарски осврти“ од Звонко Димоски. Авторот на книгата, м-р  Звонко Димоски, културолог и преведувач, во предговорот кон книгата објаснува дека преку книгата се стреми да ги...