Бетонирање улици, уредување тротоари и изградба на потпорни ѕидови – актуелни градежни работи во Кочани

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Со средства од општинскиот буџет, според планираните активности од Програмата за уредување на градежното земјиште, во тек се бетонирање на пристапни улици, уредување на пешачки површини и изградба на потпорни ѕидови.

Според стручните служби, бетонирани се делови од улиците „1 Мај“, „Вера Попова“, „Крум Вранински“ и крак 1 и крак 2 од улицата „Стамен Манов“, на потези коишто беа во лоша состојба што го отежнуваше движењето и на пешаците и на возилата.

Бетониран е дел и кај Градскиот пазар, на ул. „Гоце Делчев“, како и крак од улицата „Герасим Спасов“ во Оризари.

Уредени се тротоарите на улиците „Борис Трајковски“, „Сремска“ и „Бел камен“.

Потпорни ѕидови се изградени на улиците „Гроздан Трифунов“ во Кочани и на „Ефтим Симеонов“ и „Новопланирана“ во Оризари.

Во тек се градежни активности за пробивање и тампонирање на улицата „Кирил и Методи“ и на три крака на улицата „Стамен Манов“ во Кочани.

Наредниов период ќе се работи на крпење на ударните дупки на сообраќајниците во Кочани. Општинските служби информираат дека јавната набавка е во тек и се очекува да заврши за десетина дена.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Во Виница вечерва ќе се одржи 54. Државен фестивал за непрофесионален (аматерски) филм на Македонија

Вечерва во Домот на културата „Тошо Арсов“ во Виница ќе се одржи 54. издание на Државниот фестивал за непрофесионален (аматерски) филм на Македонија. Фестивалот претставува традиционална манифестација што ја организаат на Кино сојуз на Македонија и Народна техника. Право на учество имаат сите граѓани од сите возрасни категории,, кои се занимаваат со филмска дејност. На 54. ДФНФ

Ноќеска на полноќ почнува изборниот молк

Денеска е последниот ден од изборната кампања пред одржувањето на првиот круг на претстојните локални избори, што треба да се одржи в недела на 19 октомври. Политичките партии, независните кандидати и коалиции уште денеска имаат можност да се претстават себе си и своите визии и програми за локалните избори. Ноќеска на полноќ почнува изборниот молк,

Во нејзиниот дом нападната од сосетка

На 15.10.2025 во 12:40 часот во Полициската станица Кочани, И.Ц.(56) од Кочани пријавила дека на 20.07.2025 во нејзиниот дом била физички нападната од нејзината сосетка Б.„Н“. Се работи на расчистување на случајот, информира СВР Штип.