Бесплатни униформи за сите основци и ранци за сите првачиња во Општина Прилеп

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Учениците во сите општински основни училишта на територија на Општина Приле, учебната 2025-2026 година ќе ја започнат со нови училишни униформи , а сите запишани првачиња ќе добијат и ранчиња со училишен прибор.

Приближно 6000 ученици во 10 основни училишта во Прилеп ќе добијат нови училишни униформи. Со овој чекор ,велат надлежните од локалната самоуправа, се овозможува подобрување на условите за работа во училиште и вложување во поквалитетно образование . А , со  училишнот пакет за првачињат, општината им се овозможи на родителите финансиско олеснување на стартот на годината.

„Во иднина, ќе продолжиме со реализирање на вакви и слични проекти, насочени кон поддршка и унапредување на образованието во нашата општина“- пишува на ФБ страната на општина Прилеп

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Прилеп на домашен терен го совлада Тиквеш

Вечерва, ракометарите на РК Победа во второто коло од пролетниот ден од сезоната во Супер ракометната машка лига, извојуваа победа над РК Тиквеш 2014 со 33:26. Ова беше првиот настап на прилепските ракометари пред домашната публика во вториот дел од првенството,  па ракометарите покажаа  борбеност, динамична и ефективна игра во...

Прилеп добива Центар за E-услуги

Прилеп добива Центар за услуги на Министерството за дигитална трансформација, преку кој граѓаните без да требат да отворат сопствен профил  и без да знаат за дигиталните алатките, ќе  можат да ги користат услугите со помош на вработените од оваа канцеларија. Тоа значи дека преку физичко присуство можат да добијат некоја...

СОВЕТНИЧКАТА ГРУПА НА СДСМ И КОАЛИЦИЈАТА БАРА ВОНРЕДНА СЕДНИЦА НА ОПШТИНСКИОТ СОВЕТ ЗА АКТУЕЛНАТА СОСТОЈБА ВО ФК „ПОБЕДА“

Советничката група на СДСМ и Коалицијата во Советот на Општина Прилеп бара вонредна седница на Советот, иницирана од последните случувања со ФК Победа. Во информацијата до прилепската јавност за потребата од вонредна седница на Советот се вели: