Бела Ноќ со „Урбано Лето“ – Кривогаштани оживува со уметност и музика

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Кривогаштани утре ќе заблеска во урбана енергија на првото издание на фестивалот „Урбано Лето“, кое ќе ја обележи незаборавната Бела Ноќ, вечер кога улиците, плоштадите и културните простори се претвораат во голема сцена за уметност и забава.

Настанот, организиран од младите членови на здружението „Урбано Гнездо“, има за цел да понуди уникатно културно искуство кое ги поврзува музиката и урбаната култура во една незаборавна ноќ.

Утревечер, 27 ми август, посетителите ќе можат да уживаат во настапи на познати локални и македонски музички изведувачи, опфаќајќи три различни музички жарови со забава која ќе трае до доцните часови.

Урбаната програма на Бела Ноќ започнува со Warm-up забава со ДЏ Стеци, кој публиката ќе ја загрее за се што следува понатаму.

Во 21:00ч. над Кривогаштанското небо, ќе настапат популарните Lockdown – бенд од Прилеп кој ќе не врати во старите добри времиња со EX-YU репетоар. Истите ќе настапат и со многубројни македонски песни, завршувајќи го настапот со најава на Тони ЗЕН во 00:00 часот.

Тони ЗЕН ќе не размрда со позитивна енергија и македонски хип хоп класици. Македонската хип хоп ѕвезда највува луда забава низ видео најава на

„Во целиот процес на создавањето за фестивалот урбано лето имаат најголем придонес младите волонтери од Урбано Гнездо Кривогаштани: Стеве Јанчески, Ивана Божиноска, Мартин Милески, Бојан Ќушќоски, Мартин Тренески, Петар Јошески, Сара Божиноска, Благица Гудеска, Михаела Аџиоска, Ангела Звездакоска, Бобан Риилоски, Даре Димоски, Леонид Бозароски, Маја Новакоска, Александра Јосифоска, Даниел Везенкоски, Петар Јанакиески, и уште многу други посветени и активни млади за се ова да биде остварено.Богатата програма и пред се промовирање на македонската урбана музика е она што овој фестивал го прави посебен”- велат организаторите

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Прилеп на домашен терен го совлада Тиквеш

Вечерва, ракометарите на РК Победа во второто коло од пролетниот ден од сезоната во Супер ракометната машка лига, извојуваа победа над РК Тиквеш 2014 со 33:26. Ова беше првиот настап на прилепските ракометари пред домашната публика во вториот дел од првенството,  па ракометарите покажаа  борбеност, динамична и ефективна игра во...

Прилеп добива Центар за E-услуги

Прилеп добива Центар за услуги на Министерството за дигитална трансформација, преку кој граѓаните без да требат да отворат сопствен профил  и без да знаат за дигиталните алатките, ќе  можат да ги користат услугите со помош на вработените од оваа канцеларија. Тоа значи дека преку физичко присуство можат да добијат некоја...

СОВЕТНИЧКАТА ГРУПА НА СДСМ И КОАЛИЦИЈАТА БАРА ВОНРЕДНА СЕДНИЦА НА ОПШТИНСКИОТ СОВЕТ ЗА АКТУЕЛНАТА СОСТОЈБА ВО ФК „ПОБЕДА“

Советничката група на СДСМ и Коалицијата во Советот на Општина Прилеп бара вонредна седница на Советот, иницирана од последните случувања со ФК Победа. Во информацијата до прилепската јавност за потребата од вонредна седница на Советот се вели: