Бадникова поворка и во Чешиново – Облешево

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Оваа година за првпат во општина Чешиново Облешево ќе се организира Бадникова поворка.

ООУ „Климент Охридски“- Облешево и парохиските свештеници од МПЦ организирано, со пеење на песната Вечниот Бог, на 6 – ти јануари во 10 ч. од пред првавославниот храм Св.Недела во с. Облешево ,ќе ја формираат најдолгата Бадникова поворка. Со многу љубов ве покануваме сите – дечиња, родители, баби и дедовци – да ни се придружите .

Со носење на златни ѕвезди и пеење на песни да го најавиме Христовото раѓање во секој дом од нашата општина . Да допреме до секое православно семејство и да ја пренесеме Божиќната радост до секое срце.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Крањ со нова донација за Кочани – камион за КЈП „Водовод“

Крањ со нова донација за Кочани – камион за КЈП „Водовод“ Комуналното претпријатие од словенечката општина Крањ донираше камион за потребите на КЈП „Водовод“ – Кочани. Возилото претставува значајна поддршка за претпријатието, особено во делот на ефикасен транспорт и ракување со големите контејнери за отпад, со што директно ќе се унапреди одржувањето на јавната хигиена.

На 5 мај изложба на учениците од Училиштето за цртање и сликање на ЦК „Бели мугри“

Националната установа Центар за култура „ Бели мугри“ Кочани Ве поканува на отворањето на изложбата насловена „ Портрети“  на учениците од Училиштето за цртање и сликање кое работи во состав на Установата под менторство на Александра Димитрова, стручен соработник за визуелни уметности, архитектура и дизајн. Отварањето на изложбата е закажано за 05.05.2026  година ( вторник

ООУ „Никола Карев“- Реконструиран покривот на спортската сала, мурали на ѕидните површини, табли за ПУ во Тркање

Неколку активности неделава се реализирани  во ООУ „Никола Карев“ од Кочани. Обновени се и реконструирани делови од покривот на спортската сала „Кочанските ангели 16 март 2025“, каде се изведува наставата по физичко образование. Салата е подигната пред 13 години, зафатот е направен во насока на нејзино одржување и обезбедување подобри и побезбедни услови за работа