Традиционално и оваа година за 11 -ти Октомври се одржа и авто слалом трката, интересен адреналински спортски настан кој беше проследен од неколку стотини прилепчани, распоредени покрај патеката.
Слалом трката со автомобили се одвиваше на булеварот „Гоце Делчев“ a на неа учество зедоа повеќе од 40 натпреварувачи од Македонија. Патеката се движеше од кружниот тек кај домот на култура „Марко Цепенков“ до кружниот тека кај судот.
Настанот преставуваше вистински спортски спектакл за сите љубители на автомобилизмот.
Трката е во организација на Авто мото клуб „Автомото Класика“ – Прилеп









