Aсоцијацијата на новинари од Кочани ги избра – Најдобрите спортисти за минатата година

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Општина Кочани  и Асоцијацијатата на новинари од Кочани го реалзираа Изборот на Спортист за минатата година.

Филип Стојанов од Карате клубот „Партизан“ е најуспешен спортист на Кочани за 2024 година.

Тој има учествувано на Државно, Балканско и Светко првенство, а има освоено, девет-први места и три-втори места, во државата и странство.

Второто место му припадна на Мартин Андонов од КГС „Кочани“, а третото на Наталија Карова од КК „Кочани“.

Ана Ајтовска, Филип Ангелов и Владимир Трајков, ќе добијат плакета за учество во Изборот на Спортист на годината.

Сите предложени Млади надежни спортисти на број 21, ќе добијат дипломи.

За Најдобра екипа е избран Карате клубот „Кочани“.

За Најдобар тренер беше прогласен Зоран Сребренов од боречкиот клуб „Спартак“. Тој е претседател и тренер на клубот, во периодот од три години од неговото раководење, клубот успеа да се врати во првите пет најдобри во дражавата. Исто така, „Спартак“ работи со три тренери, два меѓународни судии и повеќе од 50 активни членови во сите возрасни категории.

Столе Тошев е избран за Најдобар спортски работник. Тошев е долгогодишен спортски работник, во 2014 година ја формирал Фудбалската академија „Младост Тошев“ – Оризари, при што таа работи со млади фудбалери и сениорска екипа, која се натпреварува во Општинската лига – Кочани. Истовремено, ја врши и функцијата секретар на Третата Фудбалска Лига – Исток и на ОФС – Кочани.

Наградите и признанијата ќе бидат доделени на крајот од месец јануари.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Пониква со потенцијал за модерен зимски центар

И покрај поволните снежни услови, ски-лифтовите на Пониква моментално не се во функција поради тековна тендерска постапка за избор на оператор, која според најавите треба да заврши во среда. Сепак, зимската сезона на оваа планинска дестинација не е целосно запрена. Ски-школите на Пониква активно функционираат и секојдневно работат со деца, кои ги прават своите први

Тешка сообраќајна несреќа во Кочани: возач пренесен на лекување во Скопје

Сообраќајна несреќа се случила вчера во 15:43 часот во Кочани, на улицата „Маршал Тито“. Патничко возило „Фолксваген Голф“ со кочански регистарски ознаки, управувано од 34-годишниот А.П. од село Чешиново, излетало од коловозот. Возачот се здобил со тешки телесни повреди. По укажаната прва помош во Општата болница во Кочани, тој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка

Лажен лекар од Словенија измамил баба од Виница

На 23.01.2026 во 08:50 часот во ОВР Виница, 86-годишна жена од Виница пријави дека била измамена од едно лице за сума од 30.000 евра. Според пријавеното, лицето ја контактирало телефонски, се претставило како лекар од Словенија  и и кажало дека нејзината ќерка, која била на привремена работа во Словенија, се здобила со тешки телесни повреди и