Архиепископот охридски и македонски г.г. Срефан за починатите во трагичниот пожар: Господ нека им дарува спокој во место светло, во место мирно…

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

-Еве, помина една година од таа трагична ноќ во која настрадаа бројни млади македонски чеда. Времето продолжи да тече, деновите станаа бестрајни месеци, а месеците исполнија веќе и цела година. Солзите што протекоа , течат без престан и станаа секојдневие за сите мајки и татковци , за многу роднини и пријатели , станаа бол за овој крај и за сиот наш народ. А солзите дури и да престанат,  тагата не исчезнува, таа останува длабоко во срцата на најблиските, рече Неговото Блаженство, архиепископот охридски и македонски г. г. Стефан, откако претходно заврши светата архиерејска литургија и општиот парастос за упокоените во црквата „Св. великомаченик Георгиј“ во Кочани.

И светата Црква сочуствува и ја разбира таквата тага . И овој пат се уверивме колку смртта е трагична,  особено кога од овој свет ненадејнои трагично заминуваат млади луѓе. Па и пресвета Богородица како мајка ја исполнувале такви чувства и таква тага кога ги гледала настаните на Голгота, додаде во своето обраќање архиепископот охридски и македонски г. г. Стефан .

-Нашите мили во Господа, нашите прерано заминати деца, браќа, сестри, внуци , роднини, пријатели засекогаш ќе ни недостасуваат и тоа чувство е природно, но покрај нашата тага треба да се надеваме дека оние што починале во Христа ќе бидат вечно со него. А, додека дојде тој ден, Црквата заедно со најблиските на покојните молтвено ќе се сеќава на своите упокоени чеда, и во секоја молитвена прилика ќе си спомнува за нив. И затоа, денес исполнети со неизмерна тага, стоејќи со силна вера, да се помолиме Господ  да им дарува покој во место светло, во место мирно, во место за одмор, каде што нема ни болка, ни тага ни воздишка,  туку живот бесконечен. Нека им е вечен споменот, порача Неговото Блаженство, архиепископот охридски и македонски г. г. Стефан, пред присутните членови на семејствата на починатите и повредените во трагичниот пожар од март лани и пред сите што ја  следеа светата архиерејска литургија и општиот парастос за упокоените во црквата „Св. великомаченик Георгиј“ во Кочани, со што започна одбележувањето на годишнината од трагичниот пожар  што го потресе Кочани.

 

 

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Кочани домаќин на 30. Медикал Опен тениски турнир

На тениските терени на Тенискиот клуб Аква Тен во Кочани, денеска и утре се одржува јубилејниот 30. Медикал Опен тениски турнир, во организација на д-р Могилевски и Лекарската комора на Македонија. Турнирот традиционално ги обединува докторите и медицинските работници од земјава, кои преку спортот и дружењето ја негуваат меѓусебната соработка и промовираат здрав начин на

Ловечкото друштво „Хантер“ – Безиково организира традиционална Ловечка вечер

На 13 јуни 2026 година, во мотелот „Мерак“, со почеток во 20:00 часот, ќе се одржи традиционната Ловечка вечер во организација на Ловечкото друштво „Хантер“ – Безиково. Цената на влезницата изнесува 1.000 денари, а во неа се вклучени мешана зелена салата, ордевер, компир салата, богата вечера и десерт. За добрата атмосфера и забавата ќе бидат

Матурантите од Кочани денеска го полагаат првиот екстерен испит од државната матура

Матурантите од двете средни училишта во Кочани денеска го полагаат првиот екстерен испит од државната матура. Испитот започна во 9 часот, а според информациите од училиштата, сите неопходни подготовки беа навремено завршени за негово непречено спроведување. Во СОУ „Љупчо Сантов“ на матурски и завршни испити  полагаат вкупно 132 ученици. Од нив, 129 ученици се пријавени