Аплицирајте за влез во светот на пекарско – слаткарската индустрија. Бидете дел од Винчини Академијата !

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Во просториите на Винчини Развоен центар се одржа првиот академски час на единствената национално сертифицирана програма за пекар, слаткар и кондитор, Винчини Академија. На свеченото отворање учесниците имаа можност да слушнат повеќе за наставната програма и да ја посетат  модерната лабораторија во која ќе се одржува практичниот дел од предавањата.

Основачот на Макпрогрес, г-динот Глигор Цветанов, кој стои зад оваа Академија, им посака добредојде на учесниците и ја истакна важноста на неформалното образование и континуираното учење. „Оваа Академија, не само што се стреми да ги надогради професионалните капацитети на младите, туку има и повисока цел, а тоа е креирање работна сила и спречување на иселувањето на младите од Источните краеви на земјата. “ – истакна г-динот Цветанов

На свеченото отворање присуствуваше и Академскиот директор на програмата, г-ѓа Фросина Мешкова, како и инструкторите, кои своето знаење и искуство ќе им го пренесат на првата генерација учесници во Винчини Академија.

Винчини Академија нуди идеални услови за учење, напредување и професионален развој преку практична работа и едукација, која ќе се одвива во Винчини Развоен Центар , опремен со најсовремена технологија за развој на нови прехранбени производи.
Сите заинтересирани кои се веќе дел или сакаат да навлезат во светот на пекарско-слаткарската индустрија се добредојдени да аплицираат и да станат дел од Винчини Академијата.

Програмата е поддржана од страна на Европската банка за обнова и развој и Владата на Јапонија, а е имплементирана од консултантската компанија Приме Поинт Партнерс.

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Нема поголема болка во човекот од болката во неговата душа – трибина за менталното здравје со д-р Бошко Томовски

В понеделник, 22 јуни 2026 година, со почеток во 12 часот, во дворот на ЈОУБ „Искра“ во Кочани ќе се одржи трибина на тема „Нема поголема болка во човекот од болката во неговата душа“. Гостин и предавач на настанот ќе биде д-р Бошко Томовски, специјалист невропсихијатар, кој со присутните ќе разговара за темите поврзани со стресот, стравот, внатрешната болка,

Се издава комплетно наместен стан во населбата Монополски Бавчи

Се издава комплетно наместен стан во населбата Монополски Бавчи. Станот е со површина од 70 м² и се наоѓа на прв кат. Располага со две спални соби, дневна соба, кујна, бања и две тераси, од кои едната е затворена опремена со електрична и класична сушара за алишта. Станот е целосно опремен и подготвен за веднаш

„FREEDOMRUN Kochani 2026“привлекува сè поголем интерес – веќе пријавени 178 учесници

Подготовките за спортско-рекреативниот настан FREEDOMRUN Kochani 2026 се во полн ек, а интересот за учество постојано расте. Според организаторите, досега се регистрирани 178 учесници од Кочани, соседните градови и повеќе места низ државата. Меѓу пријавените има 118 мажи и 60 жени, што потврдува дека настанот привлекува учесници од различни возрасни групи и спортски профили. Организацискиот